за

Alfa Romeo одбележува јубилеј на Autodelta на првата трка во новата сезона во Ф1

Alfa Romeo ќе ја прослави 60-годишнината на својот тркачки тим Autodelta за време на првата трка од првенството во Ф1 годинава.

Во сабота, на 5-ти март, Autodelta слави 60 години, а Alfa Romeo ќе го одбележи овој историски настан прикажувајќи го славеничкото лого на Ф1-болидот C43.

Autodelta има напишано вредни поглавја во историјата на мотоспортот на марката што трките ги носи во генот. Тоа е името под коешто тркачкиот оддел на Alfa Romeo учествува уште од 1963 година. На оваа адреса воедно се обучувале и бројни италијански и светски возачи. Прославата ќе се одржи во музејот во Арезе, Милано, во присуство на поранешни вработени и возачи. Секако дека ќе се одржи и спектакл со парада од возила Alfa Romeo по тркачката патека во комплексот.

Симболичното враќање на Autodelta на сцената на мотоспортот е најдобриот начин за Alfa Romeo да ја одбележи нејзината 60-годишнина. Посебно дизајнираното лого за овој јубилеј ќе биде забележливо на тркачкиот болид C43 на тимот на Alfa Romeo во формула 1. Викендов се отвора сезоната 2023, со трката за големата награда на Бахреин.

Во новото лого се задржани стилот и боите на оригиналниот дизајн. Највпечатливата измена е во тоа што е додадена годишнината. Поглавјето почна да се одвива пред две години, кога логото на Autodelta се врати на сцената, преку проектот Giulia GTA.

Giulia GTA се цени како врвно достигнување на Alfa Romeo во поглед на перформансите, стилот, механиката и возачкото уживање. Логото беше претсавено во стариот објект Officine Autodelta, во центарот за развој, во Centro Sperimentale Alfa Romeo. Таму во 1960-те години беше конструирана Giulia Sprint GTA, еден од најуспешните автомобили во историјата на марката. При конструирањето на модерната Giulia GTA, беа користени искуствата од Ф1, стекнати преку соработката со Sauber Engineering.

Јубилејот на Autodelta ќе се одбележи во музејот на марката во Арезе

Во недела, на 5-ти март, точно до ден се одбележува 60-годишнината на Autodelta. На настанот ќе присуствуваат поранешни членови на тимот, возали, конструктори и фанови. Почетокот на настанот е закажан за 2:30 часот попладне, со парада од автомобили Alfa Romeo од најразлични годишта, коишто ќе возат по интерната патека.

Autodelta: Легендарното тркачко одделение на Alfa Romeo

На 5-ти март 1963 година, Карло Кити и браќата Кицола основаат мала компанија со седиште во Фелето Умберто, во близина на Удине. Целта им е да соработуваат со Alfa Romeo, во конструирањето на Giulia TZ. Тоа е компактен гран-трузизмо автомобил со дизајн од Zagato, со мотор и подвозје од Giulia, поставен врз рамка од челични цевки. Оттаму доаѓа и името Tubolare Zagato, кусо TZ.

Така почнува едно од највозбудливите поглавја во меѓународниот мотоспорт. За кусо време, Autodelta и службено станува тркачко одделение на Alfa Romeo. Во 1965 година, Alfa Romeo ја купува компанијата, со цел марката да им се врати на автомобилските трки, по повлекувањето од светското првенство во Ф1 во 1951 година, кога ја освои својата втора титула со „Alfetta“.

За генерален директор беше поставен инженерот Карло Кити, којшто ја сели компанијата во магацини во Сетимо Миланезе, недалеку од Арезе. Во тоа време се конструираат некои од најпознатите тркачки автомобили на Alfa Romeo, меѓу кои и Giulia Sprint GTA од 1965 година. Таа освојува три последиувателни титули на „Challenge Europeo Marche“, низа национални првенства и стотици трки.

Giulia Sprint GTA е првиот туристички автомобил што го извозел Северниот Јазол на Нирбургринг за помалку од десет минути

Во 1967 година, Alfa Romeo се решава на голем чекор со влегувањето во категоријата на „прототипи“, главниот ринг за одмерување на силите во мотоспортот во тоа време. Моделот 33/2-литри триумфира уште во својата прва трка, во Флерон, Белгија.

Следната година, протипите на Autodelta победуваат во својата категорија на 24 Часа Дајтона, на 1000 километри Нирбургринг, на 500 километри Имола и на 24 часа Леман. Успесите ги продолжува 33 TT 12 од 1975 година, којашто се цени како најуспешна година на Autodelta.

Понатаму Autodelta го презема раководењето со сите спортски учества на Alfa Romeo, од трофејот на Alfasud до Формула 1. Карло Кити во 1984 година ја напушта компанијата, за Autodelta да се распушти во следната година.

Историјата на Autodelta споменува големи имиња од светот на мотоспортот, меѓу кои Андреа Де Адамич, Андреа Де Чезарис, Брино Џакомели, Џорџо Франкиа, но и странски шампиони – Јохен Риндт, Џеки Икс, Марио Андрети.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Денес е дел од Audi: Марката NSU слави 150 години (Втор дел)

турбо дизел знак

ЕУ подоцна ќе гласа за забрана за мотори, Германија негодува