за

Акио Тојода одликуван за светски автомобилист на годината

Шефот на Toyota во нему својствен стил, веднаш ја преименува наградата од автомобилска “личност на годината“ во автомобилски „луѓе на годината“, мислејќи на својот тим.

Жири составено од 93 автомобилски новинари од целиот свет, во рамките на изборот за Светски автомобил на годината го избра Акио Тојода, претседател и извршен директор на корпорацијата Toyota, за светска личност од автомобилската бранша за 2021 година.

Акио Тојода е харизматичниот претседател и извршен директор на Toyota што во изминативе години воведе големи и успешни промени во компанијата. Лани под неговото раководство, Toyota ја задржа профитабилноста и покрај последиците од ковид-кризата, без неопходност да се отпуштаат работници поради пандемијата. Тој е главниот лик зад постојаниот развој во подрачјата на конективноста, автономното возење, услугите за мобилност и електричниот погон. Внукот на основачот на компанијата ја започна и изградбата на Плетенград (Woven City), којшто е град-модел на иднината. Како врв на сé, Акио Тојода и сам учествува во мотоспортот, како возач.

Тојода изјави, „во името на сите 360.000 членови на тимот на Toyota ширум светот, ви благодарам за оваа голема чест! Доколку се сложувате, јас сепак ќе ја преименувам оваа награда од автомобилска личностна годината во автомобилски луѓена годината… бидејќи тоа е заеднички успех на сите наши вработени ширум светот, дилерите и добавувачите, што навистина придонесоа Toyota да биде тоа што е денес!“

Пет личности се натпреваруваа во финалето во оваа престижна категорија, којашто беше воведена во изборот во 2018 година, со цел да ги признае и воздигне личностите што дале значителен придонес за својата компанија или за напредокот во безбедноста, инженерингот, дизајнот или техниката.

Во конкуренција за наградата за 2021 година, покрај Акио Тојода, беа следните пет автомобилски личности:

Пратап Боус, заменик претседател, глобален дизајн, Tata Motors

Ејсун Чунг, претседател, Hyundai Motor Group

Лук Донкерволке, главен креативен директор, Hyundai Motor Group

Томико Такеучи, програм менаџер, MX-30, Mazda Motor Corporation

Наградата во претходните години ја добија Карлос Таварес, извршен директор на групацијата PSA (2020), покојниот Серџо Маркионе, извршен директор, FCA, CNH Industrial, Ferrari (2019) и Хакан Самуелсон, претседател и извршен директор, Volvo Car Group (2018).

Победниците во останатите пет категории во изборот за светски автомобил на годината ќе бидат објавени на 20-ти април.

>>> Toyota Yaris е избран за автомобил на 2021 година во Европа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Опасно е со зимски гуми да се вози во лето

rolls-royce cela modelska gama

Rolls-Royce со најдобар квартал во 116-годишната историја