за

Abarth возеше невозможна мисија со Том Круз

Abarth се придружи во филмскиот серијал Невозможна мисија, светската премиера се одржа на Шпанските Скали во Рим.

Италијанската спортска марка Abarth и Невозможна Мисија: Одмазда – Прв дел се здружија на премиерата на новото продолжение на фимлската сага, којашто се одржа на 19-ти јуни во вечниот град Рим.

Abarth веќе еднаш направи невозможното да стане возможно, откако успеа и електричниот погон да го направи соодветен за спорсткиот имиџ на марката, со првиот целосно електричен модел, базиран врз Fiat Nuova 500. Неодамна се случи уште една „невозможна мисија“.

Долгоочекуваното продолжение на серијалот Невозможна Мисија, именувано како „Одмазда – Прв дел“ ја доживеа својата светска премиера на 19-ти јуни во Рим. Abarth има важна автомобилска улога во филмот со Том Круз, уште поважна, затоа што се работи за првиот целосно електричен модел на марката.

Освен во Рим, сцените за новата невозможна мисија се снимаа и во Лондон, Абу Даби и други светски градови. Филмот во продукција на Paramount Pictures и Skydance, ќе почне да се прикажува во кино-салите на 12-ти јули.

Два автомобила привлекуваа внимание покрај планетарните ѕвезди од светот на филмот: Легендарниот Fiat 500 Abarth од 1960-те години, којшто им е познат на филмските ентузијасти од најавните спотови за „Одмаздата“, како и новиот Abarth 500e, првиот електричен модел на италијанската марка со голема историја во мотоспортот.

Невозможна Мисија – Одмазда, Прв дел, почнува да се прикажува во кината на 12-ти јули

Итан Хант, славниот лик на Том Круз од филмскиот серијал, заедно со неговиот тим, во Невозможна Мисија – Одмазда, Прв дел, се соочуваат со својата најопасна мисија досега. Тие треба да го пронајдат застрашувачки моќното ново оружје, коешто се заканува на човештвото, пред тоа да доспее во погрешни раце.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

GLC Coupé: Најпродаваниот СУВ на Mercedes, варијанта втора

Touareg R eHybrid е најсилниот модел на Volkswagen