за

Кенија доби 350 милиони евра кредит од ЕУ за брз автобуски превоз

Кенија и Европската Комисија постигнаа договор за кредит од 347,6 милиони евра, за првата брза линија во регионот за јавен превоз со електрични автобуси.

Договорот беше потпишан на состанокот меѓу Претседателот на Кенија, Вилијам Руто, и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, во седиштето на Комисијата во Брисел.

Претседателот Руто на средбата уште еднаш зборуваше за обврската што Кенија ја има преземено за земјата да се префрли на зелена енергија до 2030 година. На брзата автобуска линија 3 (BRT3) во Најроби ќе сообраќаат чисто електрични автобуси. Во превозот ќе се користат и напредни системи за управување со транспортот. Меѓу главните цели е да се обезбеди и достапна цена за населението да може да го користи напредниот јавен превоз.

Спогодбата за овој проект, вклучува 45 милиони евра грант од ЕУ, кредит од Европската Инвестициска Банка и од Франуската Агенција за Развој (заедно 236,3 милиони евра), како и фонд во висина од 66,3 милиони евра обезбеден од кениската влада и уште техничка поддршка од Германското Здружение за Меѓународна соработка GIZ.

Во земјата веќе постојат две компании што се мошне активни во превозот со електрични автобуси. BasiGo им нуди на купувачите на електричниот автобус BYD K6 можност батеријата да не биде вклучена во цената на автобусот, односно можност на компанијата да ѝ се плаќа месечна рата за користењето на батеријата. Тоа овозможува цената на електричниот K6 да се приближи до цената на автобус со дизел мотор. Неколку превозници веќе ги користат овие автобуси во Најроби.

Планот на BasiGo е во следните три години да им испорача повеќе од 1.000 електрични автобуси од локална монтажа на компаниите за превоз во Кенија

На неколку линии во Најроби се користи и електричниот автобус Roam Rapid. Со батерија од 394 kWh, автобусот од 12,5 метри постигнува досег до 360 km. Со користење брз полнач, батеријата се полни за помалку од два часа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кина производство автомобили

Кина чекор по чекор ги истиснува светските производители од својот пазар

„Континентал“ го претстави најновиот пневматик „PremiumContact 7“