Рено ќе се здружи со кинеска инженерска компанија за да развие нова генерација на електричното мини Твинго, што ќе чини под 20.000 евра.
„Развојот на автомобилот ќе се врши со кинески парттнер, за да го побриме времетраењето на развојот и трошоците,“ соопштуваат претставници од Рено.
На изгледот и на инженерингот ќе се работи во Франција, а исто и производството ќе се одвива во Европа, кажуваат претставниците.
Со проектот раководи Ампер, огранокот на Рено за електрични возила.
Во почетокот на мај, Рено и германскиот соперник Фолксваген ги откажаа преговорите за заеднички развој на електрична изведба на Твинго по достапна цена.
Рено посочи дека одлуката да се избере кинески партнер за Твинго следела веднаш по прекинувањето на преговорите со Фолксваген.
Фолксваген во минатата недела соопшти дека ќе произведува батериски електрични автомобили со цена од околу 20.000 евра во Европа, без партнерства, потпирајќи се на висок степен на користење делови што се произведени во Европа.
Извршниот директор Лука де Мео ги објави плановите за електричниот Твинго кон завршетокот на минатата година. Возилото ќе се произведува во Европа, веројатно во Словенија, кажа де Мео за време на средбата со акционерите во мај. Тековниот Твинго се произведува во фабриката на Рено во Ново Место, Словенија.
Одлуката на Рено да се здружи со кинески партнер ќе им обезбеди на Французите нови сознанија како да го забрзаат развојот на електрични возила, кажуваат лица што се упатени во случувањата.
Западноевропските производители сé повеќе се потпираат врз инженерска работа во земји во коишто работната сила е поевтина, заради скусување на трошоците. Инженерската работа во Кина не е секогаш поевтина, меѓутоа во земјата во моментов се случуваат најголемите технолошки пресвртници околу електричните возила, кажуваат упатени лица.
Европските производители се под притисок да ги обноват своите понуди од модели, во време кога забавува економскиот раст и згаснуваат субвенциите, а како последица од тоа забавува и побарувачката за елерктрични возила. Во меѓувреме, кинеските марки го освојуваат европскиот пазар со поевтини модели. БИД планира својата комбилимузина Сигал да почне да ја продава в година со цена под 20.000 евра.
Стелантис исто така има намера да продава електрични возила од своите кинески партнери Липмотор (линк до ценовникот на Автосалон), во девет држави во Европа. Продажбата треба да отпочне во септември. Од концернот на Фиат и Пежо во почетокот на следната година ќе биде понудена и уште подостапна изведба од електричниот е-Ц3, со цена под 20.000 евра.