Киа Моторс Македонија отвори нов салон во Штип

киа моторс македонија штип

Киа Моторс Македонија од средата е присутна со продажен салон во Штип. Наскоро следи отворање уште два нови салони низ Македонија. Проширувањето на продажната мрежа се поклопува со постојаното проширување иобновување на моделската гама. Само годинава, на македонскиот пазар пристигнаа три нови модели, од кои два се комплетно нови имиња во понудата.

Kia лансира нови модели како на модна писта. Од марка што плива во главната струја и произведува бројки, Kia прерасна во марка што ги поставува трендовите. Тоа им се допаѓа на купувачите. Дури и најголемите европски марки, со длабоко вкоренета традиција, имаат проблем да ја следат брзината на темпоматот што Kia ја постави одамна. И повторно забрзува.

Три нови моделски генерации пристигнаа само годинава на македонскиот пазар, од кои две се комплетно нови имиња во понудата: Градскиот кросовер Stonic, престижната спортска лимузина Stinger и еден од малкуте модели со карактер во класата, Rio. Кога марката притиска, мора соодветно да се реагира и со претставувањето на новите модели пред публиката. Прифаќањето и спроведувањето на глобалните пазарни трендови на корејската марка не се новост за Киа Моторс Македонија. Оттаму, не би требало да е изненадување тоа што застапникот сега презема чекори на коишто браншата веќе одамна подзаборавила – проширување на продажната мрежа.

Киа Моторс Македонија најавува уште два нови салони

Од средата, во Штип работи нов продажен салон на Kia, лоциран во близина на центарот на ПСС, на влезот во градот. Во салонот постојано ќе бидат изложени по четири модели, а на посетителите на салонот ќе им стои на располагање персонал којшто е обучен според стандардите на марката. Салонот е дел од Киа Моторс Македонија и фактички претставува штипска подружница на компанијата, наспроти вообичаената пазарна тактика на ангажирање локални компании коишто ќе работат како дилери на марката.

Со овој чин практично беше одбележан почетокот на бранот од нови продажни салони на марката. Наскоро следи отворање салони во Струмица и Битола.

Претходна објаваPeugeot ќе произведува мотори во фабриките на Opel
Следна објаваБританците избираа најдобар користен автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here