за

Инвеститорите покажуваат голем интерес за берзанскиот старт на Porsche

Најавата дека спортската марка Porsche ќе ги понуди своите акции на берзата привлекува голема заинтересираност меѓу потенцијалните инвеститори.

Возачките и возачите на Porsche најзадоволни

Планот за Porsche да ги понуди своите акции на можните инвеститори, привлекува огромна заинтересираност на сцената, соопшти извршниот директор на Volkswagen Group и на Porsche, Оливер Блуме.

Привлекувањето на интересот од широк круг на инвеститори е од посебна важност, изјави Оливер Блуме, прв човек на групацијата Volkswagen, на местото на Херберт Дис, кој ја задржа и функцијата на извршен директор на спортската марка Porsche. Блуме не открива колкав е уделoт на акциите на Porsche, што групацијата планира да им го понуди на заинтересираните инвеститори при првичната јавна понуда.

Во видеоконференција за агенцијата Ројтерс, Блуме посочи дека само неколку инвеститори поставиле прашања околу неговата двојна функција во концернот. Тој цени дека било неопходно, директорот на групацијата Volkswagen да биде назначен и за директор на марка. „Доколку на бордот на групацијата нешто се разговара околу Porsche, јас ќе ја напуштам просторијата“, додаде Блуме, кој на 1-ви септември ја презеде функцијата на извршен директор на Volkswagen.

Стратешкото управување со групацијата и оперативното раководење со марката совршено се надополнуваат… според моите гледишта, спојувањето на двете нешта е неопходно

Оливер Блуме, извршен директор на VW Group и Porsche

Volkswagen во понеделникот соопшти, дека акциите во својата спортска марка Porsche, во текот на месецов или во почетокот на октомври ќе ги понуди на берзата. Некои инвеститори сепак критикуваат дека одлуката се донесува во погрешно време и се повикуваат на војната во Украина, како и на рекордната инфлација, што ги дестабилизира пазарите.

Дел од инвеститорите прашуваат и дали Блуме, кој од 2015 година раководи со Porsche, ќе биде способен да раководи на двете функции во исто време. Во своето прво интервју по најавата за првична јавна понуда на акциите на берзата, шефот посочи дека тој и директорот за финансии Луц Мешке, добиле позитивни одговори во разговорите со инвесторите во Франкфурт, Лондон и Њујорк.

Постои голема заинтересираност, и покрај условите на пазарот. Тоа е голем успех“, изјави Блуме, без да даде предвидување колкава вредност очекува да достигнат акциите на неговата марка. Врвниот автомобилски менаџер, на возраст од 54 години, посочи околу загриженоста на бизнис сферата за неговата двојна улога, дека понеделниците ќе ги минува во седиштето на Porsche, вторниците во канцеларијата на Volkswagen во Волфсбург, а остатокот од неделата ќе го распореди според потреба.

Porsche во првото тримесечје продаде 68.426 возила, четвртина во Кина

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Jeep Avenger е новиот основен модел, вози и на струја, ќе доаѓа од Полска

Chevrolet Corvette Stingray

General Motors продава слабо во Кина, решение се бара со луксузни модели