за

ЕУ не сака нови автомобили на фосилни горива по 2035 година

Законодавството на ЕУ го подржува предлогот за 100% скусување на емисијата на СО2 до 2035 година. Тоа значи дека во Унијата повеќе нема да биде дозволено да се продаваат нови автомобили што користат бензин или дизел.

Комитетот за животна средина на Европскиот Парламент го подржува планот на ЕУ за целосна забрана на нови автомобили со бензински или дизел мотор по 2035 година. Во исто време се гласаше и против донесување построги ограничувања за емисијата на СО2 во текот на оваа декада.

Комитетот го подржува предлогот за 100-процентно скусување на емисијата на СО2 до 2035 година, што значи дека потоа ќе биде невозможно во 27-те земји во Унијата да се продаваат нови автомобили што користат фосилни горива за погон.

Европската Комисија во минатиот јули ги предложи целите, како дел од сеопфатен пакет мерки против климатските промени, повикувајќи се на фактот дека новите автомобили остануваат во сообраќај меѓу 10 и 15 години. Тоа значи дека 2035 година ќе биде последниот датум, до којшто автомобилите што ја загадуваат животната средина, можат да останат во продажба, без да се загрози планот на ЕУ27 за постигнување нулта емисија во сите сектори до 2050 година.

Комитетот не го подржа предлогот од некои законодавци, за дозволената емисија на СО2 од новите автомобили во 2030 година да се намали за 55% во споредба со нивото во 2021 година. Од друга страна, беше одбиен и предлогот за напуштање на целта по 2035 година да се забрани продажба на автомобили со мотор со внатрешно согорување.

Со стандардите за СО2, на автомобилската индустрија ѝ даваме јасна слика и ги поттикнуваме производителите на автомобили да иновираат и да вложуваат“, изјави Јан Хаутема, член на Европскиот Парламент, кој воедно додаде дека со мерките ќе се постигне намалување на цените на електричните возила.

Целиот Европски Парламент ќе гласа за предлозите за СО2 во следните месеци, по што парламентарците и ЕУ членките ќе преговараат за конечните закони.

Со забрзување на преоѓањето кон електричните возила, ЕУ има за цел емисиите што доаѓаат од транспортот и што се зголемени во последните години, да ги смали за четвртина

Повеќе производители, меѓу кои Volkswagen, Ford, Peugeot, Volvo и Jaguar, веќе објавија планови за престанок на продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување во Европа по 2035 година. На тоа се надоврзуваат индустриски групи, коишто се против воведување забрана за конвенционалниот погон и упатуваат дека постигнувањето на амбициозните цели на ЕУ бара масивно вложување во мрежа од полначи за електрични автомобили.

ЕУ преговара за предлогот со којшто ќе се обврзуваат членките да поставуваат јавни полначи за електрични возила на одредено растојание долж главните патишта.

Со електричен Seres 3 од изворот на Треска до Скопје

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

McLaren бојадисан платинесто во чест на Кралицата Елизабета

Mercedes-AMG A 45 и CLA 45 во посебна изведба за 55 години AMG