Посебната боја се совпаѓа со амблемот Елизабета Втора, што е создаден од одделението за специјални нарачки на McLaren и прикажан е на единствениот примерок од Artura, суперавтомобил со хибриден погон од најновата генерација модели на британската луксузна марка.
Во чест на 70-годишното владеење на Нејзиното Височество Кралицата Елизабета Втора, британската марка суперспортски автомобили McLaren Automotive претстави специјална боја за платинестата прослава. Заедно со бојата е претставен и амблем, со којшто се одбележуваат 18 години, откако Нејзиното Височество го отвори технолошкиот центар на McLaren во Вокинг, Сари.
Монархињата што најдолго владее со Британија е почестена со специјална платинеста сребрена боја „Platinum Jubilee“, којашто се совпаѓа со материјалите користени во специјалниот амблем што го создаде McLaren Special Operations (MSO), одделение за посебни нарачки од клиенти. Бојата и амблемот се главното обележје на единствениот примерок од McLaren Artura во оваа чест.
За амблемот се посебно изработени калап и преса. Партнерот за бои AkzoNobel испитувал најразлични услови на светло, за да избере најсоодветна комбинација на метални пигменти во бојата. Потоа следело осумдневно тестирање на издржливоста на бојата, како и на нанесувањето на истата.
https://photos.app.goo.gl/Nuqd7Mc2Q8UBbQ1R6
Клиентите ќе можат во следниот период да ја нарачаат новата боја на каросеријата во чест на Нејзиното Височество, за моделите од понудата на благородната британска марка.
Основана во 1963 година од тркачот, инженер и бизнисмен Брус Мекларен, групацијата ја сочинуваат McLaren Automotive, каде што рачно се изработуваат суперавтомобили со лесна конструкција и од McLaren Racing, тим што се натпреварува во Формула 1 и во Индикар, каде што групацијата има мнозински удел.
Потписот на Кралицата при отворањето на центарот на McLaren во Вокинг пред 18 години
https://photos.app.goo.gl/YpPzNd1EegTkSe7r8
















