Илон Маск в недела со датум за премиерата на Tesla Model 3

Tesla Model 3

Мултимилијардерот и најголем раздвижувач на автомобилската бранша в недела ќе го објави датумот кога ќе започне продажбата на новиот Tesla Model 3.

Порака испратена на твитер до Илон Маск ќе се спомнува некогаш во блиската иднина. Информатички експерт кој е премногу нетрпелив околу стартот на продажбата на Tesla Model 3, му пишува на Маск: „Ве молам Илон Маск, бидете милостив. Без разлика дали Вие ќе кажете 31-ви јули, шпекулациите за почетокот на продажбата на Model 3 мора да запрат.“

Најава за историската пресвртница на Tesla Model 3: „В недела ќе има вест“

Најголемиот револуционер на автомобилската бранша по Хенри Форд, за каков што многумина со право го сметаат Маск, вообичаено одговара за миг. Неговиот повратен одговор: „В недела ќе има вест“.

Светот со нетрпение го очекува Tesla Model 3. Електричниот автомобил ќе има цена од 35.000 долари за основната моделска изведба. За најевтиниот модел на калифорнискиот специјалист за електричен погон досега се пристигнати над 400.000 преднарачки. Маск претходно најави дека продажбата ќе стартува во јули. Но, тој не го наведе точниот датум.

Model 3 е решавачки за иднината на Tesla. За првпат, производителот ќе се соочи со предизвиците на масовното сериско производство, како и со логистичките проблеми околу истовремено производство на повеќе моделски серии.

Претходна објаваКавалкада на Ferrari по шести пат: Најексклузивниот собир на „фераристи“
Следна објаваLexus LC 500h ја наелектризира атмосферата во Гудвуд