Рено шеста година во низа во финале за Автомобил на годината во Европа

Во шестата година во низа со модел на Рено во финалето за избор на автомобил на годината во Европа, можно е Французите третпат да ја освојат титулата со свој модел. По Сеник и 5 Е-Тек, на ред е Твинго.

Од 2022 година наваму, изборот на автомобил на годината во Европа не минува без модел на Рено во завршната трка за насловот.

Рено има големи шанси да го убеди европското жири за автомобил на 2027 година со своето Твинго, петти целосно електричен модел на францускиот производител, што се пробива во финалето на изборот во изминатите шест години, со исклучок на Аустрал што влезе во завршницата во 2023 година со хибриден погон.

Твинго Е-Тек се повикува на историското име на првата генерација на микро-ванот што тргна со продажба во пролетта 1993 година и остави големо поглавје зад себе. Исто како што тогашното Твинго ги имеша одново картите меѓу градските модели со концептот на практичен и симпатичен ван, така новото Твинго отвора ново поглавје со електричен погон, осмислено како најдостапен електирчен модел на пазарот, и произведено во Европа, во Словенија.

Последново веројатно ќе биде и пресудно, доколку жирито реши да му даде најмногу бодови на електричното Твинго Е-Тек.

Рено соопшти дека досега се продадени близу 26.000 примероци од електричното градско автомобилче, со тоа што продажбата дури и забрзува и Твинго Е-Тек во третиот квартал беше најпродаван модел во сегментот.

Изборот на жирито за 2027 година ќе биде прогласен на 8-ми јануари, традиционално на првиот голем автомобилски настан во Европа, а тоа е салонот во Брисел. Овој важен настан во минатото се исчекуваше во првиот ден од отворањето на салонот на автомобили во Женева, но откако тој повеќе не се одржува, белгискиот салон ја презеде честа.

Шестпати во низа модел на Рено во финалето

Францускиот производител повторно има свој модел во завршницата од изборот за автомобил на годината во Европа. Жири од 65 новинари од 25 држави ги тестираа и оценуваа сите 43 модели што се кандидираа, пред да ги изберат финалистите.

Модели на Рено во финалето во изминатите шест години

  • 2022: Рено Меган Е-Тек електрик
  • 2023: Рено Аустрал хибрид Е-Тек
  • 2024: Сеник Е-Тек електрик (победник)
  • 2025: Рено 5 Е-Тек електрик (победик со Алпин A290)
  • 2026: Рено 4 Е-Тек електрик
  • 2027: Рено Твинго Е-Тек електрик

„Со Твинго, се соочивме со предизвикот што за многумина беше ненадминлив: да се развие привлечен, технолошки напреден, достапен европски електричен автомобил за помалку од 20.000 евра,“ навива извршниот директор на марката Рено, Фабрис Камболив, пред финалето.

Продадените близу 26.000 примероци, покажуваат дека „електричната мобилност може да биде достапна, без да се жртвува тоа што го сакаме во автомобилите: дизајн, генијалност, уживање и емоции“, заклучува Камболив.

Шест силни конкуренти во трка со Рено Твинго Е-Тек

Покрај Твинго Е-Тек електрик, во финалето за автомобил за 2027 година во Европа се БМВ и Икс 3, Купра Равал, Хјундаи Јоник 3, Киа ЕВ2, Фолксваген ИД.Поло и Волво Е Икс 60.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Претходна објаваДонгфенг Мејџ со хибриден погон прави повеќе од многу
Следна објаваГерманците дневно минуваат 190 милиони километри на велосипед