Од фабриката на Фолксваген во Полска излегува по еден Крафтер на секои 163 секунди

Пред десет години започна производството во Фолксваген Познан, посестринска компанија во целосна сопственост на Фолксваген доставни возила, во фабриката во Вжесња, Полска.

За 10 години во фабриката на Фолксваген во Вжесња се произведени преку 600.000 возила.

Тоа е единствената фабрика во којашто денес се произведуваат најголемиот доставен модел на Фолксваген, Крафтер, и неговиот сестрински модел МАН ТГЕ.

По десет години работа, фабриката во 2025 година достигна продукција од 100.000 возила и до јуни 2026 од неа излегоа преку 600.000 возила.

Во моментов се вршат приспособувања за фабриката да се подготви за следната генерација на Крафтер со електричен погон.

Изградбата на фабриката започна во 2014 година и истата беше зацвршена за 23 месеци. Денес фабриката во Вжесња, на околу 50 километри од Познан, работат преку 3.000 лица, со што таа е најголем работодавец во регионот.

Производството се одвива со висок степен на автоматизација, со 630 роботи, транспортни системи што се движат самостојно, како и со контрола на квалитетот што се врши со помош на вештачка интелигенција. Статистички, од фабриката излегува по едно ново возило на секои 163 секунди.

Фолксваген Крафтер

За новиот Крафтер се градат уште две хали со вкупна површина од 60.000 метри квадратни. Нивната изградба се очекува да заврши во второто полугодие од 2027 година. Во нив ќе се произведува платформата на новиот Е-Крафтер и ќе се складираат компоненти и батерии.

Една четвртина од потребата од енергија се покрива од сопствени фотоволтаички панели со преклу 31.000 модули. Уште едно достигнување во поглед на животната средина е тоа што за тревата под соларните колектори се грижи стадо од 100 овци.

Фолксваген Таиго во онлајн-каталогот со сите нови автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Volkswagen Taigo 1.0 TSI M5 Life

Претходна објаваТехниката на Ситроен 2ЦВ ќе служи и за достапен електричен модел на Опел