Фолксваген ИД 4 стана ИД 4 Тигуан, сменет кокпитот и додадена технологија

Фолксваген го преработи електричниот ИД 4 и го преименува во ИД Тигуан, давајќи му отмена појава и приближувајќи го до изгледот на своите модели со мотори со внатрешно согорување.

ИД Тигуан се одликува со приземен и самоуверен изглед на СУВ.

Нарачките ќе стартуваат на 13-ти октомври, по премиерата на салонот на автомобили во Париз. Основната изведба со батерија од 58 киловатчасови почнува од 42.695 евра во Германија. Тоа се околу 2.000 евра повеќе во споредба со досегашниот ИД 4. Фолксваген ќе го продава ИД Тигуан и во САД, на местото на ИД 4.

ИД Тигуан е најновиот модел откако марката Фолксваген започна на своите батериски електрични модели да им дава имиња на традиционалните модели со мотор со внатрешно согорување, почнувајќи од електричниот модел од градската класа ИД Поло.

Фолксваген цени дека изгледот на ИД Тигуан е приземен и самоуверен, во замена за заоблениот и мек изглед на кросовер на ИД 4. Во носот се забележуваат повеќе вертикални линии, има осветлен знак на Фау Ве и светлечка лента по целата ширина.

Германскиот производител со овој чекор одговори на критиките дека првата генерација електрични автомобили, што стартуваше со ИД 3 во 2019 година, отстапувала премногу од изгледот и од начинот на ракување на моделите со мотор со внатрешно согорување.

Во внатрешнота има повеќе физички копчиња, вклучувајќи посебно издвоено поле со прекинувачи за функциите на климатизацијата.

До функциите на клима уредот во ИД Тигуан може да се пристапи преку физички копчиња

Местењето на гласноста и префрлувањето на друга песна се вршат преку контролер во средишната конзола, а исто и сензорските полиња на воланот на ИД 4 се заменети со обични притискачки копчиња.

Фолксваген воведе и дигитални инструменти со ретро изглед, што го следат стилот на славните модели на марката, вклучувајќи ја црвено сината графика на 4-та генерација на Голф.

Вовлечените електрични рачки во вратите од поранешните ИД-модели, исто така се заменети со обични рачки на повлекување.

Пред совозачкото седиште може да биде вграден екран од 12 инчи, што е во линија со арматурната табла и неговите содржини не се гледаат од возачкото место. Возилото може да се отклучи преку дигитален клуч со телефонот, а „клучот“ по потреба може да се испрати на членови на семејство или приајтели преку апликацијата на Фолксваген.

ИД Тигуан располага со возачки екран од 10 инчи и средишен екран од 15 инчи

Батеријата со хемија литиум-железо-фосфор со капацитет од 58 киловатчасови испорачува енергија до 450 километри. Верзиите со поголемата батерија од 77 киловатчасови и хемија никел-манган-кобалт минуваат до 600 километри. Моќноста се движи од 190 КС и 286 КС за моделите со заден погон, до 299 КС за изведбата со два мотори и погон на сите тркала.

Под хаубата се наоѓа дополнителен простор за кабли и прибор од 32 литри, додека багажникот располага со зафатнина од 534 литри.

ИД 4 ја загуби трката со Шкода Елрок

ИД 4 годинава го загуби местото на најпродаван електричен СУВ во Европа од Шкода Елрок, којашто користи иста техника, базирана врз платформата МЕБ+ на концернот Фолксваген.

Продажбата на ИД 4 до август порасна 1,4 процент во споредба со истиот период лани, со 52.470 возила, додека Елрок накачи 57 проценти и достигна 77.126 продажби.

Со лансирањето на ИД Тигуан, Фолксваген му стави крај на сестринскиот СУВ-модел ИД 5 со стил на купе, во рамките на стратегијата на извршниот директор на концернот, Оливер Блуме, за смалување на бројот на моделски варијанти, со цел да се скусат трошоците и средствата да се трошат на најважните модели на Фолксваген. До август, Фау Ве продаде само 5.997 примероци од ИД 5, со пад од 31 проценти во споредба со лани.

Претходна објаваЛипмотор надмина 70.000 продажби до август, петкратно зголемување од лани

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here