
Моделите од класите на Фолксваген Тигуан и Пежо 2008 привлекуваат најмногу купувачи во Европа, нив им припаѓаат двата најголеми сегменти, пред градските и компактните комбилимузини, односно модели од класите на Ситроен Ц3 или Фолскваген Голф. Овие модели не само што владејат со пазарот, туку и дополнително го зголемуваат својот удел.
Во првите осум месеци од 2026 година, во сегментот на Ц-СУВ моделите, односно компактните СУВ, продадени се 1.891.912 возила или за 10,6% повеќе од истиот период лани. Сличен раст имаат и нивните помали сестрински модели од Б-СУВ сегментот, со 7,9 проценти угоре и со вкупно продадени 1.473.390 возила.
Некогаш владејачката „сорта“ автомобили, компактните комбилимузини, односно моделите од голф-класата, го губат темпото со 12,2 проценти удолу, додека моделите од Б-сегментот се одржуваат во позитива со само 1,8 процент.
Во Топ 10 во компактната класа на СУВ-модели, најголем раст има постигнато Шкода Елрок, целосно електричен автомобил, којашто годинава убедила 57,4% проценти повеќе купувачи од лани. Раст имаат уште Киа Спортаж на 3-то место, Хјундаи Тусон по неа и Нисан Кашкај.
Првите две места му припаѓаат на Фолксваген, а само уште Шкода има два модели во Топ 10.
Кај помалите СУВ, во Б-сегментот, повеќе модели одат удолу со продажбата, отколку угоре. Единствен исклучок е Ситроен Ц3 Екрос, со убедлив раст од 188,5 проценти и дури 44.777 возила повеќе отколку во првите осум месеци лани. Долго време се спомнуваа проблемите со добавувачите што во Стелантис останаа од времето на поранешниот извршен директор Карлос Тавареш. Сега очигледно дека тие проблеми се надминати и Еркрос е во насока да го постигне целиот свој потенцијал.
Најголем пад, пак, имаат Дачиа Дастер и Рено Каптур, големи имиња во сегментот. Францускиот концерн го образложува овој несвојствен тренд за своите марки со пропусти во логистиката.
Целиот сегмент на Б-СУВ постигнал 1.473.390 продажби до август, а тоа се 107.751 возило повеќе од лани.













