Ауди им нуди на вработените ново работно место во одбраната

Ауди испраќа одреден број германски работници во следните две години да работат во одбраната или во авијацијата, додека производителот го пребројува работниот персонал, во време кога целата бранша преоѓа на производство на елеткрични автомобили.

Производството на новиот Ауди А2 во фабриката во Инголштат, Баварија

Вработените во матичната фабрика на Ауди во Инголштат, Баварија, можат во следните две години да се префрлат во компании во одбраната или во авијацијата, јавуваат луѓе што се запознаени со програмата. Новите работни места се во Ербас, МБДА, Дил Дифенс и КНДС.

Тие ќе останат на платниот список на Ауди и по завршувањето на преодниот период можат да се вратат на своите првични работни места.

Овој чекор укажува на сé поголемиот расчекор меѓу автомобилската индустрија во Германија, што запаѓа во криза, наспроти одбранбениот сектор, што расте сé повеќе.

Производителите на автомобили се под притисок да ги смалат трошоците и да ги проспособат фабриките, затоа што преоѓањето на електрични возила влијае врз бројот на работни места. Во исто време, компаниите од одбраната бараат инженери и друг стручен кадар, додека европските влади вложуваат сé повеќе во војската.

Програмата во почетокот важи само за Инголштат и доби поддршка од баварското министерство за економија, како и од сојузното германско министерство за економија.

Вработените што ќе се пријават за програмата ќе продолжат да ги добиваат своите сегашни плати, на што ќе следат и дополнителни бонуси, кажуваат извори од Ауди.

Програмата е насочена кон менаџери и технолози

Програмата е наменета за вработени на места вон производството, како менаџери на проекти и стручни лица во технички развој и проверка на квалитет.

Според извори од Ауди, овој план не претставува затскриена програма за скусување работни места. Место тоа, Ауди сака да провери дали вработените може да се ангажираат пофлексибилно во време додека се реструктурира, притоа задржувајќи ги стручните работници во Баварија.

Чекорот се презема во време кога Ауди и матичниот концерн Фолксваген се соочуваат со смалена побарувачка, скапа работна сила и засилена конкуренција од кинеските соперници. Групацијата Фолксваген врши длабоки засеци во трошоците во своите германски капацитети, со цел да се подобри профитабилноста.

Одбранбената индустрија наиде на ограничувања во својот развој, поради недостигот од инженери и друг стручен кадар, откако Германија и останатите европски држави почнаа да трошат сé повеќе во војската, по нападот на Русија врз Украина.

Побарувачката е далеку над бројноста на кадарот што е достапен

Ауди веќе им ја претставил програмата на вработените, преку интерната платформа Мај Ауди, со отворени места за пријавување. Интересот е далеку над очекувањата, кажуваат извори во Ауди. Има повеќе пријавени отколку што има работни места.

Во Македонија се возат 1.058 електрични патнички автомобили

Претходна објаваДве икони, една нова ера: Новите BMW X5 и BMW Серија 7 Седан премиерно претставени во Македонија I
Следна објаваТесла во Париз првпат ќе го прикаже Сајберкебот пред европската публика

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here