Словенија го дозволи „автопилотот“ на Тесла, се чека одобрение во цела ЕУ

Тесла соопшти дека гласањето во ЕУ за полуавтопилотот на Тесла да добие одобрение го очекува најрано во почетокот на октомври, откако ќе ги објави податоците од тестирањето во Европа и Северна Америка.

Слика создадена со ВИ (google)

Словенија го одобри системот за автономно возење ФСД на Тесла за користење на патиштата во земјата, станувајќи шеста европска држава што дава зелено светло за технологијата, пред очекуваното гласање за тој да се одобри во цела ЕУ.

Словенскиот министер за енергија и инфрастуктура Јернеј Вртовец го објави на својот профил на Икс постот на Тесла и Илон Маск, наведувајќи „развојна Словенија“.

Холандија прва во ЕУ го одобри системот ФСД на Тесла, уште во април. Софтверот може да преземе целосна контрола врз возилото, но возачот мора да го задржи вниманието на возењето.

Тесла во минатата недела соопшти дека го очекува одобрението за користење на системот во цела ЕУ најрано на 6-ти октомври, откако ќе ги објави податоците од тестирањето на ФСД во Европа и Северна Америка.

Уште четири европски држави, покрај Холандија и Словенија, дадоа одобрение, додека Финска и Грција уште го разгледуваат тоа.

Франција во јули искажа загриженост околу безбедноста на системот, но во минатата недела соопшти дека започнала со тестирање на две возила што се опремени со ФСД, откако министерот за транспорт имал „конструктивна размена“ со Маск.

Словенската агенција за безбедност во сообраќајот сака со овој чекор да покаже дека земјата е отворена за иновации и техолошки напредок, но прво мора да се провери безбедноста на новите технологии.

Претходна објаваГерманците лани извозеле 675 милијарди километри
Следна објаваАуди А2 некогаш трошеше три литри, денес минува 650 километри на струја