Првото електрично Ферари купено за 40 милиони евра на наддавањето

Силните негодувања не му наштетија на угледот на првиот електричен модел на Ферари. Првиот изработен примерок од Луче е продаден за 40 милиони евра и со тоа стана најскап нов автомобил што бил продаден на наддавање.

Кога светот во мај првпат го виде Луче, првиот електричен Ферари вреден 550.000 евра, се јавија бурни критики, до толку што и акциите на Маранело паднаа.

Добротворното наддавање на Луче, „изработен по мера“ на аукцијата на РМ Сотби што во изминатиот викенд се одржуваше во рамките на Автомобилската недела во Монтереј, донесе нов рекорд, по само една година, откако на истото место лани се продаде Дајтона СП3 за 26 милиони долари. Не се објавува името на сопственикот на Луче со „Шасија 0“.

Изработката на уникатниот примерок од Луче ќе трае до првото тромесечје од следната година, соопштија од РМ Сотби. Тогаш и возилото ќе може конечно да му се предаде на сопственикот.

Италијанскиот производител на автомобили ќе ѝ ги донира сите средства од добротворното наддавање на Ферари Фондација, којашто истите ќе ги насочи во образовни цели.

Кога Ферари во мај првпат го прикажа својот електричен автомобил Луче со цена од 550.000 евра, сцената негодуваше бурно, до толку што падна и вредноста на акциите на компанијата. Луче претставува драстично скршнување од традицијата на Ферари во спортски автомобили со мотор со внатрешно согорување.

Компанијата не објави точни бројки од продажбата на Луче, којшто главно предизвикува негодување поради мазната форма на каросеријата, на којшто ѝ отсуствуваат мускулестите елементи што се својствени за Ферари.

Ферари брзо ги распродаде првите неколку стотини автомобили, со голема помош од маркетингот. Луче главно е достапен за постоечки купувачи на Ферари, на коишто им се ветува и првенство при купувањето возила од ексклузивни и барани серии. Колку сцената навистина го цени електричниот Луче, ќе се покаже дури кога моделот ќе се појави на пазарот на користени возила.

Возилата што се „скроени по мера“ се единствени примероци, што се изработени според конкретна замисла и желба на клиентите.

Моделот е дизајниран во Лав Фром, студио основано од Џони Ајв, поранешен главен дизајнер на Епл и една од клучните личности зад Ај Фон и Ај Мек. Автомобилот располага со преку 1.000 КС и каросерија со четири врати.

Извршниот директор на Ферари, Бенедето Виња, во мај кажа дека за моделот доаѓаат нарачки и од постоечки и од нови клиенти.

„Ферари Луче нема ништо заедничко со електричните авотмобили што сте ги виделе од другите играчи“, изјави тој во мај. „Мора да го видите и возите, за да разберете дека тоа не е копија – ниту во внатрешноста, ниту во надворешноста, ниту во перформансите.“

Ферари кон завршетокот на јули ги качи прогнозите за годинава, потпирајќи се на побарувачката за модели од ограничени серии, како Ф80 и за поскапите изведби од четириседот Пуросанг.

Претходна објаваMHERO пристигнува во Македонија
Следна објаваКиа ЕВ2 · Тест · Електричен автомобил, без но и ама

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here