ЕУ ќе наплати 1,4 милијарда фунти царина за електрични автомобили од фабриките во Британија

Британското здружение на производители предупредува дека новите царини ќе ги поскапат автомобилите и ќе ги направат неконкурентни на пазарот.

Електричните и хибридните автомобили учествуваат со преку 40% во вкупната продукција во Британија

Британските производители на електрични возила ќе ѝ платат 1,4 милијарда фунти на ЕУ на име на царини, доколку не се изнајде решение за барањата на унијата, возилата да содржат голем удел на локални компоненти.

Велика Британија во 2023 година успеа да ја одложи примената на условот на ЕУ, за голем дел од компонентите на возилата да бидат од локално производство, но тоа ќе важи само до јануари. Потоа, електричните и приклучните хибридни автомобили од британските фабрики, ќе подлежат на 10% царина во ЕУ. Тоа ќе опфати 70% од ЕВ што од островот се увезуваат во Унијата.

Новите царини ќе го погодат извозот на електрични и хибридни автомобили од Британија во ЕУ, што се проценува на 16,4 милијарди фунти. Од британското здружение на производители предупредуваат дека „голем број од овие важни модели ќе станат неконкурентни и недостапни.“

Предупредувањето доаѓа во време на политичка неизвесност, по оставката на премиерот Кир Стармер. Прашање е дали неговиот можен наследник, поранешниот градоначачник на Манчестер, Енди Бернам, ќе применува ист однос кон ЕУ.

Извршниот директор на здружението, Мајк Хоус, порача дека „со глобалната конкуренција што е пожестока од кога било, најмалку ни се потребни дополнителни трошоци на тој извоз, и затоа мора да се најде заедничко решение.“

Велика Британија и ЕУ меѓусебно се најголем извозен пазар за електрични возила. Притоа, и Брисел, и Лондон, имаат цел да ја запрат продажбата на возила со мотор со внатрешно согорување во следната деценија.

ЕУ веќе се повлече од строга забрана за продажба на нови возила со бензински или дизел мотор, што првично беше замислена за 2035 година. Како причина беше наведено тоа што продажбата на електрични автомоболи не порасна како што се очекуваше.

Одложувањето на царините во 2023 година следеше откако некои производители на автомобили се заканија дека ќе ги затворат своите фабрики во Британија.

Дополнителен проблем е тоа што Европската Комисија планира да воведе услов за „Произведено во ЕУ“, што Хоус цени дека „целосно ќе ги исклучи“ возилата што се монтирани во Велика Британија од најголемиот дел од европскиот пазар.

„Тоа не е проблем само на Велика Британија… Тоа ќе ѝ наштети на Велика Британија, но и на самата Европи“, додава тој.

Меѓу главните електрични и хибридни модели што се увезуваат од ОК во ЕУ се а автомобилите на Мини, некои доставни модели на Стелантис, и новиот Нисан Лиф, како и модели на Џагјуар Ленд Ровер.

Претходна објаваТојота ќе произведува авиони, електрични и за такси служба
Следна објаваЕлектрична Шкода Пик ќе го предводи Тур д’Франс

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here