Ферари го смени директорот за маркетинг по дебаклот со Луче

Ферари го назначи поранешниот директор на БМВ Италија за нов шеф за маркетинг, по неславното деби на електричниот автомобил Луче.

Силвија Нојбауер, БМВ М ГмбХ и Масимилијано Ди Силвестре, шеф на БМВ Италија, при претставувањето на безбедносното возило БМВ М5 за МотоГП во 2024 година

Ферари го постави поранешниот директор на БМВ во Италија, Масимилијано Ди Силвестре, за нов шеф за маркетинг, на местото на Енрико Галиера, кој долги години работеше за италијанската марка.

Смената во менаџментот следи кусо откако Ферари го прикажа контроверзниот Луче, својот прв елeктричен автомобил, по што следеа критики на сите страни.

Ди Силвестре си замина од БМВ кон завршетокот на минатиот месец, откако близу седум години ја вршеше функцијата на претседател и извршен на БМВ за Италија. Тој стапува на новото работно место на 1-ви јули. Италијанецот ќе му се придружи на раководниот тим на Ферари и ќе поднесува извештај за својата работа директно пред извршниот директор Бенедето Виња, соопшти производителот на автомобили од Маранело.

Ферари додава дека Ди Силвестре доаѓа со повеќе од дводецениско искуство во секторот на премиум и ексклузивни автомобили во светски рамки, вклучувајќи експертиза во трансформација на бизнисот и комерцијален развој.

За време на Ди Силвестре, кој почна да работи во БМВ во 2012 година, германската компанија избори водечко место на италијанскиот пазар на премиум автомобили во 2024 и 2025 година.

Како директор од раководниот врв на Ферари, Галиера оствари 16-годишна кариера во Ферари и помогна Маранело да го зајакне имиџот на својата марка во светот.

Тој „реши да започне ново поглавје во својата професионална кариера – одлука што пред извесно време ја сподели во компанијата“, стои во соопштението од производителот.

Галиера и Ферари решиле да ги разединат своите патишта во почетокот на годинава, со договор тој да остане во фирмата до важното лансирање на електричниот модел, дознава Ројтерс од извори.

„Би сакал да му заблагодарам на Енрико за исклучителниот придонес што го даде за Ферари во својата кариера,“ порача извршниот директор Виња, нагласувајќи ја неговата улога во јакнењето на марката на светската сцена.

Ферари го прикажа својот петосед со електричен погон Луче кон завршетокот на минастиот месеци, предизвикувајќи бура од негодувања, посебно на друштвените мрежи. Критиките главно се однесуваа на изгледот на Луче, што не е својствен за Ферари, како и за скршнувањето од мотори со внатрешно согорување.

Виња изјави по неколку денови од презентациајта дека Ферари бележи „силен интерес“ за автомобилот, како од нови, така и од постоечки клиенти.

Маранело оттогаш не соопшти детали околу нарачките за Луче и нагласи дека точните податоци ќе бидат објавени кон завршетокот на јули, при соопштувањето на финансиските резултати за второто тромесечје.

Ферари Луче: Тука не е туѓ само електричниот погон, туку и изгледот

Претходна објаваГранде Панда го врати Фиат меѓу најпродаваните марки, доаѓа уште подостапна изведба
Следна објаваЗнакот на Мерцедес-Бенц постои сто години

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here