Домашната побарувачка за електричниот Порше Кајен над сите прогнози

Гледиштата кон електричните автомобили се сменија за несфатливо кусо време, буквално преку ноќ. Тоа не ги одмина ниту најбрзите и „најбензински“ марки. Порше Кајен на струја стана модел од којшто се бара возило повеќе.

Од македонската премиера на Порше Кајен Електрик; Слика: Порше Македонија

Повеќе фактори што се совпаднаа во исто време, влијаеја за светот преку ноќ да ги смени гледиштата кон електричниот погон. Од една страна влијаеја нападите врз Иран и последувателниот скок на цените на горивата, а од друга страна, на светот му стана поочигледно од кога било досега, дека тоа што се плаќа како цена на гориво, не е друго туку цена што ја одредува политиката. Имиџот на електричните автомобил се вивна.

До скоро, тоа уште беше смешна тема, посебно во македонските услови на автомобилизмот, каде што досега ниту е покажана свест, дека френетичниот и повеќедецениски увоз на старите автомобили ни донесе загадување на воздухот на национално ниво, ниту пак државата некогаш презеде чекор да му потпомогне, и на тој мал круг „пионерски електромобилции“, да дојде полесно до електричен автомобил, преку субвенции и повластици во секојдневието.

За новиот подем на електричниот погон помогна и осознавањето дека мрежата од полначи не е пресудна, поважно е да се поседува полнач „дома“

Кај Порше е друга работа. Тука не е прашање дали електричниот погон бил добар, и дали Тајкан или Макан, а сега и Кајен на струја, се навистина дораснати за да бидат Порше. Кај германската спортска марка, со еден од најмоќните култови на автомобилската сцена, решава од една страна имиџот, а од друга наградувањето.

Првото е јасно, а и второто им е најјасно на тие што ќе постигнат повпечатлив успех во животот и сакаат да се наградат за тој успех. А, што друго е повеќе исполнувачко, од скап и престижен автомобил, па уште и спортски и со силен имиџ. Токму Порше.

Во необрзувачки приватни разговори со менаџерите на германската марка за време на еден домашен настан, на прашање на авторот на овој текст, беше напоменато дека побарувачката за електричниот Порше Кајен ги надминува сите очекувања. Секако дека тоа се релативно мали бројки, сепак е Порше, но тоа е веројатно најубедливата потврда, дека македонскиов пазар исто така почнал да реагира позаинтересирано за електричните автомобили.

Привлекуваат дизајнот, технолошкото ниво и „вонсерискиот“ кокпит со заоблен дисплеј врз средишната конзола

Тоа што ги привлекува домашните купувачи на Порше Кајен Електрик, според соговорниците, се дизајнот што се издвојува од моделските серии со бензински и хибриден погон, општото високо технолошко ниво на електричниот Кајен, а се издвојува и кокпитот што е изведен безмалку револуционерно, посебно во делот на заоблениот дисплеј во средишната конзола.

Купувачи на Порше Кајен Електрик се и клиенти што веќе поседуваат модел на Порше, и софтверски инженери и слични профили, што преоѓаат од друга марка во електричен Порше.

Секако дека овој одговор на сцената кон електричните модели на Порше не е случајност, затоа што станува збор за престижна и спортска марка што е присутна на македонската сцена на највисоко корпоративно ниво, со посебен салон, со одржување настани за клиенти, медиуми, јавни личности, дами, како и долги години на присуство на Порше на јавни настани, како нивен поддржувач.

Затоа, честито Порше!

Кајен Електрик, патем, според македонскиот вебсајт, почнува од 116.787 евра. Погонот испорачува 408 КС, спринтот до темпо сто трае 4,8 секунди, брзината е ограничена на 230 км/ч, а според фабрика, досегот изнесува 643 километри во комбинирани услови на возење, односно 806 километри во градско возење.

Батеријата од 113 кВч, на обичен домашен полнач од 9,6 кВ се полни за 12 часови, но затоа на брзите турбо-полначи со моќност од 150 кВ, какви што веќе псотојат на неколку места низ Македонија, тоа трае 26 минути. Порше додава дека за 10 минути на брз полнач се собира енергија за следните 325 километри.

Нормално, кај Порше, има уште две скалила на моќност. Едното е Кајен С Електрик, со цена од 140.341 евра, а по него доаѓа Турбо Електрик за 183.780 евра, едниот со моќност од 666 КС, другиот со 1.156 КС. Целата понуда се удвојува, затоа што Порше го нуди и Кајен Купе Електрик.

И, уште едно изненадување. Кајен со класичен бензинец, почнува од 137.459 евра и со тоа е за едно „Поло“ поскап од Кајен Електрик. А, има и електричен Макан.

Претходна објаваЕлектричен камион Мерцедес со 80 полнења ќе го обиколи светот
Следна објаваШкода ја почнува својата понуда од електрични модели „Епски“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here