Електричен камион Мерцедес со 80 полнења ќе го обиколи светот

Мерцедес-Бенц Камиони планира проект што буквално е од светски размери и според него ќе може да се сними авантуристички филм. Електричен Актрос ќе ја обиколи целата планета.

Мерцедес-Бенц Тракс, заедно со Тобијас Вагнер, најави проект што несомнено ќе го привлече вниманието и надвор од камионскиот и автомобилскиот свет. Овој професионален возач на камион и „создавач на содржини“, кого што сцената го познава како Електротракерот, има намера да биде прв што ќе го обиколи светот со електричен камион. И камионот не е каков било, туку е Мерцедес-Бенц еАктрос 600, знаменосецот.

Најавата ветува: Пат долг 45.000 километри, над 35 држави, една година време за проектот и најмногу 80 полнења на батеријата. Планот е патувањето да започне наесен.

Мерцедес во моментов ја привршува работата врз експедицискиот камион и уште во почетокот на летото ќе го прикаже возилото пред светот. Основа е еАктрос 600 со погон 4х2 и товарна платформа, произведен во фабриката во Верт во средината на април.

Се вршат бројни преправки, вклучувајќи дополнителни светла, држачи за резеврни гуми, но и посебно конструирана кабина за престој од Блис Мобил, што ќе служи како центар за комуникација со светот.

Главна е техниката. Мерцедес-Бенц еАктрос 600 е осмислен токму со цел да служи за долг пат, со батерија со вкупен капацитет од преку 600 киловатчасови. Според производителот, до следното полнење може да се поминат до 500 километри. Бидејќи експедициското возило ќе биде олеснето, досегот ќе биде и над фабричката вредност.

Вагнер има богато искуство. Овој 32-годишник веќе две години вози електрични камиони за шпедицијата Нано Јансен од Лер. Во возниот парк на компанијата доаѓаат сé повеќе електрични камиони на местото на дизелите. Тобијас тврди дека има извозено околу 200.000 километри со електрични камиони, вклучувајќи интернационален превоз. Од минатото лето, тој вози еАктрос 600.

Експедицијата нема толку за цел да постави рекорди, туку да докаже. Електричниот камион треба да докаже дека буквално цел свет може да се мине со овој погон. Неизвесно е на какви пречки ќе наиде експедицијата, но и ќе се поништат бројни предрасуди.

Вагнер напоменува дека бројката 80 не е случајна и инспирирана е од прочуениот роман на Жил Верн. Тој вели: „Нема да го пропатувам светот за 80 денови, туку со 80 станици за полнење.“

Претходна објаваФорд ќе се враќа во Европа со препакувани модели на Рено
Следна објаваДомашната побарувачка за електричниот Порше Кајен над сите прогнози

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here