Кинезите како Тојота: Донгфенг со 10-годишна гаранција на македонскиот пазар

Читатели често прашуваат колку се издржливи кинеските автомобили што доаѓаат на тестирање во Аутомедиа. Одговорот обично е: Погледнете колку користени возила на Донгфенг се објавени за продажба на огласи. Сега доаѓа и гаранцијата.

Во денешното соопштение од АБЦ Брадер, македонски увозник на возила од марките на Донгфенг Мотор, кинескиот производител објави дека го продолжува гаранцискиот период за своите возила од осум на 10 години. Од компанијата наведуваат дека тоа „поставува нов стандард за сигурност, квалитет и доверба кај автомобилските брендови“.

Ова е вистински чекор во време кога Донгфенг веќе има изградено солиден имиџ на македонскиот пазар, којшто се должи на домашен труд и посветеност, место да е „увезен имиџ“ на марка од западноевропските пазари.

Кинескиот производител го држи тукашниот врв во продажбата меѓу соперниците од земјата и се докажува со модели што зафаќаат и во повисоките ценовни сегменти.

Донгфенг на македонскиот пазар се позиционира главно преку висока противвредност, вклучувајќи ги најдостапните автомобили, но и модели во повисоките сегменти

Додека некои од конкурентите продаваат главно попусти и се кошкаат да го понудат најевтиниот автомобил на пазарот, кај имиџот на Донгфенг се носечки модели во ценовниот сегмент меѓу 25.000 и 30.000 евра, каде што секако се вбројува шампионот Фортинг Т5 Ево, но и Еолус Мејџ, а од скоро и премиум марката Воја.

Во гамата секако дека се присутни и модели во најдостапниот ценовен сегмент, како лимузината Еолус Шајн или кросоверот Шајн ГС.

„Оваа одлука претставува силна потврда за квалитетот, технологијата и издржливоста на возилата на Dongfeng, бренд кој сè повеќе го зацврстува своето присуство на европскиот и македонскиот пазар,“ порачуваат од АБЦ Брадер.

Десетте години под гаранција се воедно обезбедување на вложеното. При продажба во иднина, Донгфенг и по седум години ќе се продава како автомобил со преостаната гаранција од 3 години. Колку значи гаранцискиот период, најдобро сведочи примерот со Киа, којашто со седумгодишната гаранција на времето се издвои во поскапите сегменти. Со десетте години, Донгфенг во Македонија застанува на рамниште на Тојота.

„Кога еден бренд верува во својот производ, стои зад него на долг рок. Продолжувањето на гаранцијата е доказ за нашата доверба во квалитетот, технологијата и сигурноста што ги нудиме на клиентите,“ велат од Донгфенг.

Брендот продолжува да инвестира во модерни технологии, електрификација, безбедност и комфор, нудејќи модели кои комбинираат современ дизајн, високо ниво на опременост и конкурентна цена.

Со оваа промена, Донгфенг дополнително се позиционира како бренд кој нуди повеќе вредност, поголема сигурност и долгорочна поддршка за своите клиенти. Новата 10-годишна гаранција е уште еден чекор кон градење долгорочна доверба и потврда дека иднината на автомобилската индустрија е насочена кон квалитет, иновации и грижа за клиентите.

Претходна објаваСо Донгфенг Виго доаѓа важен електричен модел за македонскиот пазар
Следна објаваЕлектричното Рено 4 отвори покрив да го донесе духот на 1960-те

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here