Рено 4 Е-Тек со дополнителната ознака Плен Суд, што значи „кон југот“, потсетува на легендарната 4-ка од 1960-те години, што во истоимената изведба имаше платнен покрив, но и врати од истиот материјал. Французите понудија ретка можност да се вози електричен автомобил директно под сонцето.
За да се добие колку е мошно поширок отвор на покривот, остранети се и кровните шини на стандардната 4-ка и отворот досега до самите страници на каросеријата. Антената исто така е преместена и кај Плен Суд се наоѓа во самото задно стакло.
Изведбата со платнен покрив беше замислена уште при конструирањето на самиот модел, така што отворањето на покривот не им предизвика проблеми на инженерите отпосле. Тоа значи дека и цврстината на каросеријата не е нарушена.
Црниот платнен покрив се собира со електромотор и остава отвор со димензии 80 х 92 сантиметри. Покривот може да се отвори и далечински преку клучот од возилото. Бидејќи Рено е меѓу понапредните марки во дигитализацијата, може да се издаде и говорна команда, што аватарот со име Рено ќе ја изврши.
Покривот поседува дебел платнен слој, што помага да се потиснат звуците, но и не дозволува топлината да побегне кога времето ќе застуди. Посебен дефлектор го насочува струењето на воздухот при отворен покрив, за патниците да не се изложуваат на непријатно вртложење на воздухот.
Рено ја испорачува електричната 4-ка во високите нивоа на опременост Техно и Иконик, почнувајќи од 37.290 евра според францускиот вебсајт.
Французите го искористија овој повод да воведат и неколку освежувачки зафати во целата гама на електричниот Рено 4 Р-Тек. Во арсеналот од системи за асистенција за безбедност сега е вклучена и камера што ја надгледува будноста на возачот, како што пропишуваат новите закони, како и самостојно запирање при опасност од судир.
Проширена е функцијата на асистентот за Еко-возење, што врз основа на податоци од навигацијата ја анализира рутата и предупредува пред свијоци, кружен тек или пречка на патот, помагајќи воедно да се постигне колку е можно подолг досег.
Во електричната 4-ка се вградува и друг вид на разменувач на топлина, заради поефикасно загревање на батеријата. Тоа значително го скусува полнењето при студ и до 20 степени под нулата.















