Фиат 500 доаѓа на местото на Фиат 500. Тоа секако ја носи симболиката дека овој автомобил е вечен, меѓутоа е вистина. Фиат 500, според првичните планови на Торино, денес требаше да вози само во електрична изведба. Но, пазарот се смени, па Фиат 500 се појави непланирано во примерна хибридна изведба. Моделот веќе се испорачува, а наскоро доаѓа и задолжителната изведба Долче Вита.
Уште еден нов модел на Фиат ќе ја покаже вистината, колку македонскиот пазар ја сака најиталијанската од сите италијански марки. Фиат 500 во генерацијата од 2007-ма година мина одлично на нашиот пазар, и покрај фактот што беше осмислена како ретро-престижен-стилски модел, односно не беше евтина.
Покрај неа, во салонот на Фиат во последните неколку години постојано се појавуваше електричната изведба, со истото име, но сосем друга платформа и сосем различна каросерија и внатрешност.
Таа имаше свои златни времиња во Европа, главно во Германија, сé додека канцеларот не ги укина субвенциите. Кај нас, електричните никогаш немале среќа, оти немало ниту субвенции. Таа 500-ка, иако заводлива и привлечна, со сила остана во сенка.
Времињата се сменија, па откако ЕУ прво ги откажа плановите за ЕВ, за сега народот како од инает да почне да ги бара електричните автомобили повеќе од кога било, менаџментот на Стелантис реши да направи хибридна изведба од електричната 500-ка, од генерацијата од 2020 година. Таков потег досега се нема случено во браншата.
Добрата вест е дека 500-ката со хибриден погон ќе дојде наскоро на македонскиот пазар, иако менаџерите се резервирани околу цената, што ќе се движи над 20.000 евра. Но, тука е култот на Чинквеченто, и може да се случи пријатно изненадување, па хибриднава 500-ка да ја разбуди сцената и да донесе силни бројки од продажбата.
Долчевита е веќе традиционална моделска изведба на Чинквеченто, и секако нема да недостига кај 500 Хибрид. Таа ќе се испорачува само во кабриолет изведба, во духот на незаборавните лета на италијанското крајбрежје на необврзувачката софистицираност на препознатливиот медитерански стил.
Надворешноста двои со хромирани капи на ретровизорите, лого Долчевита отстрана, посебен дизајн на 16-инчните тркала со дијамантско режење, со платнен покрив во сина боја и целосно диодни светла.
Внатрешноста пречекува со седишта обложени во „пје де пуле“ и винил, со лого 500, со радио со дисплеј од 10,25 инчи, автоматска клима, сензор за дожд и задни паркинг сензори.
Уште една новина по овој повод е изведбата 3+1, со две врати од совозачката страна. Оваа каросериска изведба е достапна во сите нивоа на опременост.
Според италијанскиот вебсајт на Фиат, Долчевита дома чини 21.000 евра.
















