Вистинската причина за изумирањето на рачните менувачи, не е ниту опаднатата побарувачка или ограниченото оптоварување на механиката, туку е од природа што не ги засега љубителите на спортските автомобили. БМВ ветува спас за рачните менувачи.
Автоматските менувачи штедат гориво кај бензинците и дизелите, а на електричните автомобили воопшто не им е потребен менувач. Но, тоа пак не се причините за изумирањето на рачните менувачи. Шефот на БМВ М ГмбХ, Франк ван Мел, во почетокот на годинава изјави дека рачните менувачи „од инженерски аспект, немаат смисла“.
Тој објасни дека рачните менувачи имаат граница на вртежниот момент што можат да го пренесат, додека автоматските менувачи можат да ја пренесат целата сила на линиските шестцилиндарци, што се белег на БМВ. Секако дека инженерите можат да конструираат рачен менувач што ќе го издржи тој вртежен момент, но цената ќе биде многу висока.
И побарувачката за рачни менувачи е смалена. Може да се спори дека продажбата би била повисока, доколку повеќе производители нудат рачни менувачи. Но, не се исплатува да се трошат пари во развој на нов рачен менувач, кога однапред се знае дека пазарот и натаму ќе се скусува. Тоа сепак не значи, дека БМВ ќе се откаже од рачните менувачи.
Во спортскиот огранок М ГмбХ немаат намера да се збогуваат со рачните менувачи, иако моќноста на трилитарскиот 6-цилиндарец и натаму расте. Инженерите имаат решение.
Германците не откриваат точно за што станува збор, меѓутоа можно е да се работи за вештачко ограничување на вртежниот момент, со цел рачниот менувач да се поштеди од вртежен момент што го донесува до крајот на неговата издржливост. Тоа веќе се применува, пример е М2, којшто со автоматски менувач располага со вртежен момент повисок за 50 њутнметри во споредба со изведбата со рачен менувач.
Без разлика дали ќе биде рачен или автоматски менувач, БМВ уште долго ќе нуди силни бензинци. Иако електричните модели од М ГмбХ нудат исти перформанси, БМВ уште има планови со своите мотори.

Минхен потврди дека се работи на развој на следната генерација на М3 со 6-цилиндарец, којашто ќе стартува во 2028 година. Тоа е знак дека Баварците имаат намера до доцна во 2030-те да продаваат спортски бензинци. Дотогаш, во гамата ќе има бројни М-модели со електричен погон.
Тековниот М3 останува уште извесно време во понуда. Се претпоставува дека моделот ќе се нуди до завршетокот на годинава или до почетокот на следната. БМВ се подготвува за премиера за нова генерација на серијата 3, но има уште време додека таа стартува со продажба,
Во меѓувреме, БМВ скуси уште еден модел со рачен менувач. Родстерот Зед 4 М40и завршува со производство месецов. Тоа значи дека остануваат само М2, М3 и М4, со рачен менувач
Причината за откажувањето на рачните менувачи од понудата се строгите барања на ЕУ за ограничување на емисијата на ЦО2. Автоматските менувачи постигнуваат пониска потрошувачка од рачните менувачи, и поради тоа што производителите се под притисок од Унијата, да ја спуштат емисијата на ЦО2 под лимитот, за да не плаќаат милионски казни, меѓу другото ги откажуваат и рачните менувачи.
БМВ Икс 3 · Тест · Погонот лична карта, возните својства пасош
Тоа ги погодува и добавувачите, што ги произведуваат менувачите. Како што се смалува побарувачката за рачни менувачи, сé помалку се исплатува нивното производство. Покрај тоа, напредните системи за асистенција во бројни случаи работат само во комбинација со автоматски менувач. Тоа е уште еден удар за рачните менувачи.
Производителите немаат многу избор и не треба да се обвинуваат поради тоа што ги истиснуваат рачните менувачи од својата гама. Вложувањето и производството на модели со рачен менувач губи економска смисла, како од гледиште на производителите, така и на купувачите, на кои автомобил со екслузивен рачен менувач, ќе им биде прескап.
















