Пежо Полигон Концепт во последната недела од март имаше гостување во Виена, откако појде на големата турнеја од Мадрид, на 23-ти јануари, за понатаму да ги посети Лисабон, Париз, Лондон, Франкфурт, Амстердам, Брисел и Варшава. Турата има цел да ја подготви сцената за блиската премиера на новата генерација на 208.
Малечките модели на Пежо се големи имиња во автомобилскиот свет. Од премиерата на 205 во 1983 година наваму, незамисливо е градската класа да остане без повпечатливо присуство на француската марка. Ретко се случува наследничките да го надминат успехот на легендите од 1980-те, но тоа му успеа на Пежо, со 208 во 1998 година.
Вистинскиот дух на 200-ката на Пежо се врати со тековниот модел што ја имаше својата премиера во 2019 година. Наследничката доаѓа веќе во 2027 година и производителот го потврди тоа.
Почитувајќи си го култот на својата 200-ка, Пежо појде на турнеја ширум Европа, со концептниот автомобил Полигон, за јавноста да го види тоа што ќе следи кај серискиот модел.
Австриските новинари во последната недела од март имаа можност подетално да го разгледаат возилото, изложено во МЕТАШтат, современ центар за одржување настани од секавов вид во Виена, како и да направат пробно возење. Според Пежо, Полигон е „мошне точно прикажување на технологиите, дизајнот и возачкото искуство, со коишто Пежо ќе ја гради иднината на марката.“
Производителот напоменува дека Полигон донесува технологии што ќе бидат дел од сериските модели веќе во 2027 година. Тоа посебно се однесува на управувањето Хајперсквер, кај коешто место управувачки столб, вртењето на воланот се пренесува до тркалата како електронски сигнал. Се развива и ај-Кокпитот на Пежо, во којшто во иднина возачот уште поемотивно ќе го доживува возењето.

Реакцијата на Хајперсквер се менува зависно од условите на возење. При паркирање со тркала завртени до крај, нема потреба воланот да се опфаќа неколкупати. Од една до друга крајна положба, има само 170 степени.
Уште една посебност на Хајперсквер се т.н. Подови, што се поставени во четирите агли на средината на воланот. Секој под има посебна функција и се ракува со прст, така што нема потреба рацете да се тркаат од воланот.

Како што е редно кај секој концептен автомобил, има и технологии од подалечни генерации, како на пр. прикажувањето на податоците за возење по цел ветробран. Според Пежо, полето на прикажување на информациите одговара на екран од 31 инчи.
Патуваме со Peugeot низ Мариово: Филмска прашина, скриени богатства, ликови од романи
















