Пежо Полигон го најавува идниот 208 и донесува идеи што ќе држат до 2050-та

Пежо е шампион за концептни автомобили што создаваат возбуда околу иднината на автомобилите. Изгледот на Полигон несомнено е на идната 208-ка, но има и цел филм околу новите технологии.

Пежо 208 ќе личи на 205 уште повеќе од сегашната 208-ка и радува тоа што дизајнерите уште умеат да извлечат нова свежина од тие форми. Главната порака на Пежо сепак е друга: Маркава најавува коцкест волан без столб, со кружни отвори место прекинувачи, проекциски дисплеј место екран, седишта со форма и боја што може да се смени по желба. Извршниот директор Алан Фавeј најави дека Хајперскверот доаѓа во сериските модели во 2027 година, но веројатно не во 208.

Како ретко кој друг концепт во последниве години, Пежо Полигон донесе толкава возбуда и нетрпение во исчекувањето, за ветените технологии да се воведат во сериските автомобили. Пежо Полигон е сосем јасно дека со формата е веројатно 90% од идниот сериски 208, меѓутоа со концептот доаѓаат уште бројни најави за престојните технологии.

Алан Фавеј на денешната презентација на Полигон напомена дека сериската примена на Хајперскверот ќе се случи веќе во 2027 година. Тоа значи дека новата 208-ка, чијашто премиера престои в година, ќе биде достапна во продажба во следната година – и ќе поседува Хајперсквер.

Пежо веќе еднаш ја искористи својата серија 200 за воведување на револуционерсниот ај-Кокпит, што денес е стандард во секоја моделска серија на марката и стартуваше во 2012 година во тогашниот 208. Следната „двојка“ во 2019 година, односно актуелниот модел, го донесе тридимензионалниот впечаток во дисплејот во ај-Кокпит, за сега пак следната 208-ка да ја донесе следната револуција.

Хајперскверот е познат од концептниот Инсепшн од 2023 година, којшто исто така најави бројни новини, но беше подалеку од сериски автомобил, отколку што е сега Полигон. Суштината е во тоа што воланот станува правоаголен, место тркалезен, што вртењето го пренесува како електронски сигнал до управувачкиот механизам – а тоа значи и дека нема столб, па се отвора и плус слободен простор – што е доволно да се заврти за половина круг, место да се мота три круга.

Технологијата одамна е совладана во аеронаутиката

Вакви системи „преку жица“ веќе долго се користат и очигледно се безбедни, затоа што секоја функција е изведена двојно, ако еден дел откаже. Патничките авиони, патем, веќе со децении ја користат технологијата.

На Хајперскверот се наоѓаат четири отвори, преку коишто се ракува со функциите. Тоа значи дека во идната 208 нема да има прекинувачи, туку кружни отвори што ќе реагираат на допир. Уште една клучна промена е тоа што напред нема екран, туку сé се прикажува на проекцискиот дисплеј, во видното поле на возачот.

За изработката на возилото ќе се користи примерот од Тесла. Каросеријата, заедно со носечката структура оздола, ќе се изработува од помалку компоненти. Тоа и Тојота го ветува во своите идни модели. Така се поедноставува производството, а тоа директно влијае врз цената.

Во соработка со јапонски рециклатори – Јапонија очигледно е водечка сила во рециклирањето, земјата сепак е островска и мора да се внимава на секој сантиметар – разработена е идеја за облогите на седиштата да се менуваат, по желба. Еднаш спортски седишта во црвена боја, другпат жолти седишта за комфорно седење.

Пежо нема да пропушти за редовно да ја потсетува сцената за важната премиера на 208.

Во меѓувреме, тестот на Пежо 208 што со своите 16.990 евра е меѓу попривлечните понуди на македонската сцена

Претходна објаваЕлектрична Киа ЕВ3 постигна рекорд во Чешка, со 858 километри без полнење
Следна објаваОвој Мерцедес цел е покриен со соларни ќелии и тоа никој не го забележува

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here