Фиат додаде класичен бензинец со рачен менувач во гамата на 600

На хибридната и електричната изведба на Фиат 600 им се придружува варијанта без електрификација и со мануелен менувач, што секако влијае врз цената на моделот.

Фиат 600 без додаток Хибрид и без предзнак „е“ ќе биде третата погонска изведба во гамата на кросоверот. Со класичен погон, што подразбира и мануелен менувач со 6 степени, Торино го приближува моделот до цената на поопремените изведби на Гранде Панда.

Откако се смени Португалецот Карлос Тавареш на челото на концернот Стелантис и функцијата ја презеде Италијанецот Антонио Филоса, во Фиат се случуваат големи промени.

Фиат 600 досега беше достапен само во изведба со благ хибриден погон и во целосно елткрична верзија е-600, но наскоро доаѓа изведба со нормален турбо-бензинец, без електрификација и без автоматска трансмисија. Класичен Фиат за широкиот пазар.

Според Фиат, новата изведба на 600 е „создадена за клиенти што уживаат во едноставно, директно и вклучено возачко ускуство.“ Тоа ја враќа италијанската марка на старата мисија, да понуди достапни возила за сите, „со решенија што се приспособуваат на различни животни стилови и очекувања,“ стои понатаму во соопштението.

Во 600 работи нов мотор што се води како Турбо 100 и ќе се вградува масовно во сите марки на концернот Стелантис, како нова основна погонска единица. Во споредба со претходната верзија на 1,2-литарскиот Пјуртек, новиот Турбо 100 е поштедлив, реагира будно на гаста и трае подолго. Место запчест ремен, тука работи класична верига.

Од технологиите што му даваат достоинственост на трицилиндарецот, присутни се варијабилна геометрија на турбо компресорот, впрскување на горивото преку заеднички вод под притисок до 350 бари, како и подобрено возачко искуство, со мазна реакција и поштедлива работа.

Италијанците наведуваат дека и менувачот е нов, што би значело дека и преносните односи се сменети во споредба со претходниот менувач кај Пјуртек.

Трицилиндарецот од 1,2 литар ќе биде достапен во сите нивоа на опременост на 600.

Почнува вообичаено со специјална изведба, 600 Стрит

За да го одбележи стартот и на овој модел, Фиат ја подготви специјалната серија 600 Стрит, со посебни детали во изгледот, богата опременост и ценовна корист. Серијата Стрит од 600 со мотор Турбо 100 ќе се изработи во само 2.000 примероци.

За очекување е дека историскиот увозник на Фиат во Македонија, Аутомобиле СК, ќе обезбеди примероци и од оваа специјална серија, иако засега нема најави за датумот на пристигање на новата изведба на 600.

Гамата на моделот почнува од алкциски 21.500 евра за изведбата со благ хибриден погон. За новата верзија без хибрид и без автоматик, цената би требало да биде значително пониска.

Специјални детали кај Фиат 600 Стрит

  • Каросерија во две бои
  • Црни детали на логоата на Фиат
  • Црни рачки на вратите
  • Црна предна маска
  • Значка Стрит назад
  • Посебен дизајн на трката од 18 инчи во црна боја
  • Црн таван
  • Седишта во црно-бела комбинација

По бензинскиот 600 следи уште една сензација, Фиат 500 Хибрид.

Фиат 600 Хибрид · Тест · Пунто, колку си пораснало!

Претходна објаваВолво ќе ги увезува и продава автомобилите на Линк енд Ко во Европа
Следна објаваПоскапените горива поради војната во Иран ќе ја зголемат побарувачката за електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here