- Во фабриката се поставени нови роботи и се воведени модерни производствени процеси за производство на Киа ЕВ2.
- ЕВ2 е следниот модел на Киа со којшто се засилува стратегијата за зголемување на продажбата на електрични модели во Европа.
Киа го објави почетокот на производството на ЕВ2, вториот целосно електричен модел на марката, што се произведува во Европа. Тоа е уште еден важен чекор во пробивот на Киа на европскиот пазар на електрични возила. ЕВ2 е малечок СУВ со големина слична на Стоник и се произведува во Киа Словачка. Уште лани започнаа подготовките за производсвото на новиот модел, со воведување нови роботи и модернизација на монтажните линии.
„Со почетокот на производсвото на ЕВ2 добиваме уште една потврда за нашите технички способности и за флексибилноста во Европа,“ изјави Суханг Чанг, претседател и извршен директор на Киа Европа. „Кога ЕВ4 влезе во производство лани во август, ја покажавме нашата способност, за едно до друго да произведуваме целосно електрични модели и автомобили со хибриден погон и мотори со внатрешно согорување. Со додавањето на ЕВ2, продукцијата во нашата словачка фабрика ќе ја зајакне нашата стратегија за електрификација во Европа.“
„Со подготовката за производство на ЕВ4 веќе ги поставивме процесите за локално производство на ЕВ,“ изјави Томаш Поточек, претставник на Киа Словачка. „ Со нашата обучена работна сила и со стотици роботи, потпомогнати од напредни производствени технологии, ЕВ2 почнува да излегува од монтажата уште додека зборуваме.“
Киа уверува дека во новиот Б-СУВ го внесува најдоброто што го умее
Киа веќе има стекнато вредно искуство во развојот и производството на електрични модели, почнувајќи од највисоките класи, со ЕВ9, преку модели од средната класа, како ЕВ6, до возила од компакт класата, како ЕВ4. Тоа искуство сега се користи за модел од ценовно најдостапната класа на електрични возила, ЕВ2. Киа цени дека тоа ѝ дава предност пред конкуренцијата.
Купувачите во ценовниот сегмент на ЕВ2, односно на електрични Б-СУВ, барат марка во којашто ќе имаат доверба.
Електричниот пандан на Стоник е достапен со две големини на батерија, со 42,2 и 61 кВ. Досегот соодветно изнесува 317, односно 453 километри, според ВЛТП.
При патување на подолг пат, од корист ќе биде можноста за брзо полнење, со 400 волтната архитектура. На обичен полнач, може да се смета на моќност на полнење од 11 или 22 киловатчасови. Тоа што им е важен „инструмент“ на возачите на ЕВ секако е конективноста, односно можноста преку онлајн-услуги да добијат увид каде е најблискиот полнач или да се одреди рутата при патување, соодветно на достапните полначи по пат. Киа дополнително го олеснува патувањето со тоа што нуди едноставно приклучување и наплата, без потреба од најавување и експериментирање околу наплатата на услугата за полнење.
ЕВ2 е развиен првенствено за Европа. Киа не го гледа моделот како „второ возило“, туку како единствен автомобил во домаќинството, со простор назад, лизгачка задна клупа со можност да се добие простор од 403 литри за багаж.
Опременоста е примерна, меѓу другото и со три екрани во кокпитот, ОТА-вчитување нов софтвер и напредни системи за асистенција, заради комфор и безбедност.
Киа во декември ќе одбележи 20 години производство во фабриката во Жилина.
ЕВ2 во Германија почнува од 26.600 евра, не вклучувајќи ги субвенциите во земјата, за изведба со 4 седишта и ниво на опременост Лајт, коешто вклучува пристап без клуч, приспособлив темпомат, паркинг сензори напред и назад, заедно со камера, систем за задржување и следење лента, како и предупредување за возило во мртов агол.
Следно ниво е Ер, коешто има 5 седишта и чини 28.990 евра, дополнително опремено со тркала од лесен метал, собирање ретровизори, сензор за дожд и двозонска работа на климата. За верзија со батерија од 61 кВч, треба да се смета на 33.490 евра.
Електромоторот е со моќност од 108 кВ/146 КС во изведбата со батерија од 44,2 кВч, односно 135 КС во изведбата со поголема батерија. Брзината е ограничена на 161 км/ч, забрзувањето до темпо сто е покусо од 9 секунди.















