Германскиот клуб ADAC тестираше 16 модели на летни гуми со димензија 225/50 R17. Повеќето гуми на тестот заслужуваат да се земат во предвид, но од некои модели треба да се бега подалеку.
- Continental PremiumContact 7 е најдобрата гума на тестот
- 3 x многу добро, 10 x добро, 3 x доволно
- Три гуми од Кина и Турција разочараа
Linglong: Дали тоа е новата ѕвезда во светот на гумите?
Кога искусните експерти за тестирање гуми не можат да поверуваат во тоа што го покажуваат мерните уреди, а тоа го поткрепуваат и субјективните искуства од патеката за тестирање, тогаш мора да се работи за исклучително добра гума. Инженерите беа мошне изненадени од еден модел за време на новото тестирање на летни гуми. Linglong Sport Master на дожд се покажа толку добра, што постигна делумна оцена 1,5 и со тоа заслужи „одлично“.
Оваа кинеска марка е непозната. Како може да се случи тоа, една релативно евтина гума од буџет-сегментот да врти кругови безбедно и прецизно, оставајќи зад себе докажани марки во поглед на аквапланингот, управливоста на влажно и во патот на сопирање? Единствено Conti PremiumContact 7 може да парира, со оцената 1,7. Дали тоа е новата ѕвезда во светот на гумите?
Сосем спротивното. Се стекнува впечаток дека Linglong е развивана само за влажно. Очигледно е дека се запоставени својствата при возење на сув пат. Кога ќе се загрее гумата, таа реагира задоцнето на командите од воланот и тешко е да се најде точниот агол на завртување на воланот. При возењето, не само што се стекнува „сунѓераст“ впечаток, туку со воланот мора среде свијок да се коригира правецот. Linglong се опасни и во граничното подрачје. При избегнување пречка на патот, многу брзо се појавува надуправување (почнува да лизга ошашот). Доколку зад воланот е неискусен возач, кога ќе почне да лизга опашот, ситуацијата може да биде многу сериозна.
Покрај тоа, Linglong Sport Master е лоша и во поглед на заштитата на животната средина. Во споредба со останатите модели, на патот останува многу гума. Поради тоа, на Linglong им се намалува крајната оцена, што ја става гумата на крајот на табелата. Оцената 4,2 значи „не се препорачува“.
Резултатите од тестот на летни гуми 225/50 R17 (2026)
Заклучокот: Не е доволно да се биде врвен само во едно. Гумите мора да функционираат добро во сите услови и да се одликуваат со колку е можно поурамнотежени својства. Само три од тестираните гуми навистина се добри, што се покажува и во табелата со резултатите.
Според експертите на ADAC, препорака заслужуваат Continental PremiumContact 7, Pirelli Cinturato (C3), како и Goodyear EfficiencyGrip Performance 2, со оцена „многу добро“.
Најдобрите гуми на тестот со оцена „многу добро“
Победничката гума на тестот, Continental, најдобро го покажува тоа што ги одликува гумите со исклучителна урамнотеженост. Најдобрите возни својства на влажно, но и на сув пат, високите резерви во граничното подрачје и кусиот пат на сопирање, прават таа да биде прв избор. На тоа се надоврзуваат високата ефекасност, издржливоста во километражата и слабото трошење на гумата. Крајната оцена за Conti е 1,9.
Со мал заостаток следат Pirelli Cinturato (C3) со оцена 2,2 и Goodyear EfficiencyGrip Performance 2 (оцена 2,3). Тие исто така се одликуваат со добри вредности, со тоа што Pirelli на влажно постигнува подобри перформанси од Goodyear. Затоа, никоја гума не може да ѝ парира во поглед на километражата. Goodyear има 58.000 километри за возење, пред да ја достигне границата на истрошеност.
Тоа е двапати повеќе од километражата што ќе се помине со Linglong Sport Master, потоа со Leao Nova-Force Acro или со Vredestein Ultrac+, којашто исто така разочара со предвидената издржливост од само 30.600 километри.
Колку километри издржуваат гумите?
На следниот графикон на ADAC јасно се покажува колку долго може да се вози со тестираните гуми.
Голема е групата од гуми што заслужуваат препорака
Десет од 16-те тестирани гуми постигнаа оцена „доволно“. Тоа значи дека станува збор за гуми што условно заслужуваат препорака, кога при купување се знаат нивните слабости и човек го прифаќа тоа. Покрај Pirelli Cinturato и Goodyear EfficiencyGrip Performance 2, уште шест модели на гуми имаат двојка пред запирката. Тоа се Firestone Roadhawk 2, Falken Ziex ZE320, Bridgestone Turanza 6, Michelin Primacy 5, Maxxis Premitra HP6 и Kumho Ecsta HS52. Сите шест гуми не се целосно урамнотежени со својства, туку покажуваат мали остапувања во одредени критериуми.
Малку повеќе треба да се размисли околу силните и слабите страни на следните четири модели, во зависност од сопствениот стил на возење. BFGoodrich Advantage, Vredestein Ultrac+, Hankook Ventus Prime4 и кинеската Greentrac Quest-X добија условна препорака за купување, поради тоа што или имаат поизразена слабост во одредено подрачје, или пак имаат неколку помали слабости.
Големи разлики во патот на сопирање на влажно
Како се покажаа кандидатите на тестот при сопирање на влажен пат, наведено е во следниот графикон.















