Донгфенг го произведе 200.000-от примерок од премиум моделот Воја Дример

Од производствената лента во „Златната фабрика“ во Вухан, на 10-ти март излезе 200-илјадитиот примерок од Воја Дример, модел од премиум марката на Донгфенг.

Воја Дример е долга 5,3 метри и се произведува во изведба со приклучен хибриден погон и со електричен погон, со досег до 700 километри

Посебната чест да го преземе 200.000-от примерок од Воја Дример ѝ припадна на кинеската олимписка шампионка во гимнастика Јанг Веи. Во истата придода беше лансирана и специјална серија во ограничен број ЛТ Дример Шампионска Едиција, што корисниците на интернет ја прогласија за „најразновиден интелигентен семеен МПВ во ценовна класа до 300.000 јуани.“

Највпечатлива посебност на овој специјален модел е маската што се води како Сансет Блек, но овој повеќенаменски ван поседува и интелигентен систем за автопилотирано возење од партнерот Хуавеј.

Следното што Кинезите го издвојуваат кај овој модел е напредното подвозје со хидропневматика, што обично се вградува во модели што чинат над 1 милиони јуани. Моделот од Воја, премиум марката на Донгфенг чини 309.900 јуани, односно околу 39.000 евра.

За моделот ЛТ Дример да ја достигне првата „стотка“, требаше да поминат околу 20 месеци од почетокот на производството. Тоа беше рано навестување дека пазарот го прифаќа моделот, по што следеше уште посилна динамика на пристигање на нарачки во фабриката.

Како резултат од тоа, за да се надмине следната стотка мина нешто повеќе од година и половина. Во Донгфенг толкуваат дека Воја на тој начин „ја зацврсти својата лидерска позиција на пазарот на премиум МПВ.“

На свеченото предавање на возилото, Лу Фанг, претседател и партиски секретар на компанијата Донгфенг, којашто е меѓу најголемите производители на автомобили во државна сопственост, изјави: „Пред четири години, бевме пионери влегувајќи во сегментот на електрични МПВ. Денес, производството на нашето 200.000-то возило е доказ дека навистина сме станале лидери на пазарот.“

Откако првиот Воја Дример беше пуштен во продажба во мај 2022 година, Донгфенг разви уште две генерации од моделот и го прекина долгогодишниот монопол што дотогаш го водеа марките од заедничките компании.

Податоците од продажбата сведочат за високата побарувачка за Воја Дример. Едно од секои три продадени МПВ возила со цена над 350.000 јуани во Кина, е Воја Дример. Сопственици на традиционални возила од лускузни марки – а тоа значи главно од европските премиум марки – сочинуваат околу 55% од купувачите на моделот.

Повеќенаменскиот луксузен ван на Воја со месеци е најпродаван модел во класата на премиум ПМВ возила во Кина.

Воја во почетокот на годинава се приклучи во понудата од модели и марки на Донгфенг на македонскиот пазар. Донгфенг преку активно следење и поттикнување на пазарот, изгради имиџ на производител чиешто име прво се поврзува кога ќе се спомне кинески авто-производител во Македонија.

Увозникот АБЦ Брадер избра првиот модел од премиум марката Воја да биде кросоверот Кариџ, луксузен електричен модел, што со бројни технолошки зафати сака да привлече купувачи, коишто првично би погледнале модел на традиционалните германски премиум марки.

Донгфенг знае да игра и премиум, првиот модел на марката Воја е во салон

Претходна објаваШефот на Мерцедес-Бенц со највисока плата во Европа, но шампионите се во САД
Следна објаваЦените на електричните автомобили во пад благодарение на строгите еколошки норми

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here