Алфа Ромео лани ја зголемила продажбата за преку 20%

Миланската марка лани испорачала преку 73.000 возила, најголем раст е постигнат во Европа, најбаран модел е Алфа Ромео Јуниор.

Секоја десетта испорачана Џулија и Стелвио во минатата година биле во врвната изведба Квадрифољо, тоа е највисок удел досега.

Воведувањето на компактниот модел Тонале пред три години ја удвои продажбата на Алфа Ромео, за малечката Јуниор сега да ѝ донесе уште еден силен раст на италијанската марка.

Од почетокот на продажбата на Алфа Ромео Јуниор, досега се пристигнати преку 60.000 нарачки за овој премиум СУВ-модел од Б-сегментот. Европа придонесе најмногу, со продажба зголемена за 31,1%. Одделни пазари постигнаа исклучителен раст: Велика Британија +80,1%, Франција +41,9%, Италија +20,7%, Германија +20,5% и Шпанија со +15,1 проценти.

Одлично реагираат и пазарите надвор од Европа, засилувајќи го глобалниот отпечаток на Алфа Ромео. Испораките на Средниот Исток и во Африка пораснаа за 16,3%, Мароко за 65%, Турција за 38,7 проценти и Азија со +43,8 проценти. Одушевува и пробивот во Јапонија, со раст од 71,4%, а марката се врати и на пазарите во Тајван и Малезија.

Јуниор досега привлече преку 60.000 нарачки на околу 40 пазари на коишто е достапен и го води сегментот на премиум Б-СУВ во повеќе земји.

По Јуниор, следи Тонале како втор најуспешен модел во светската продажба. Откако новиот шеф на концернот, Антонио Филоса, одреди Џулија и Стелвио да останат во понудата до 2027 година, побарувачката за врвната изведба Квадрифољо кај овие два модели достигна 11%, што е највисок удел досега.

Алфа Ромео 33 Страдале наиде на интерес меѓу колекционерите и испораките продолжуваат според распоредот што беше утврден во декември 2024 година. Досега се испорачани пет од вкупно 33 примероци од ексклузивниот модел. Планот е до завршетокот на годинава да биде комплетирана целата серија.

Видеото од тестот на Алфа Ромео Јуниор

Четири од секои пет продадени Алфи остануваат во Европа, останатите пазари се Северна Америка, Средниот Исток и Африка, Азија.

Помалку од една петина (17%) од нарачките за Алфа Ромео Јуниор се однесуваат на електричната изведба. Миланската марка со овој модел се наоѓа на третото место во сегментот на СУВ-возила од премиум производители во Европа.

Алфа Ромео е најпродавана марка во овој сегмент во Италија, Франција, Австрија, Грција и Словачка. На десет пазари, таа е меѓу трите најпродавани: Втора е во Полска, Романија и Словенија, трета во Шпанија, Холандија, Португалија, Швајцарија, Норвешка, Хрватска и Литванија.

Во Мароко, на Алфа Ромео ѝ припаѓа точно третина од пазарот во премиум Б-СУВ сегментот, во Турција една петина од пазарот, и втора е во земјата, во проажбата на електрични модели од премиум Б-СУВ сегментот.

Дури и од Јапонија доѓаат добри вести за напредувањето на Јуниор. Алфа Ромео ја воведе Јуниор на пазарот на Тојота во јуни 2025 година, во чест на 115-годишнината на марката. За шест месеци, Јуниор се проби меѓу 5-те најпродавани премиум Б-СУВ.

Тонале лани прејде во ново моделско годиште и тоа предизвика кус прекин, но Милано очекува дека полниот ефект од новиот модел ќе се покаже годинава. Новина е тоа што Алфа Ромео го врати дизел моторот во Тонале, покрај хибридната и приклучната хибридна изведба Ку4 со погон на сите тркала.

Во 2025 година, Алфа изработи 63 примероци од еккслузивните Џулија и Стелвио во серијата Кваррифољо Колеционе. Бројката е во знак на 1963 година, кога првпат се појавија модели на Алфа Ромео под ова ценето име.

Во март повторно стартуваа нарачките за Квадрифољо, откако Филоса ги смени претходните планови. Околу 13 проценти од продажбата на двата модели во 2025 година им припаѓаат на верзиите Интенса, уште една ексклузивна изведба од Џулија и Стелвио.

Претходна објаваЕден полн резевоар со „евтина“ нафта не менува многу, се штеди на подолг пат
Следна објаваПежо 3008 со две награди за дизајн на годината од корејските новинари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here