- Волво првпат планира да се откаже од летно преполовување на производството.
- БМВ исто така се соочува со недостиг од прозиводствен капацитет, поради високата побарувачка за и-Икс-3.
- Во Германија се чека и до 17 месеци за испорака на новиот Е Икс 60.
- Заедно со Мерцедес-Бенц ГЛЦ, тоа се трите електрични модели што ќе го растресат сегментот на СУВ од средна класа во Европа.
Волво планира првпат да направи нешто што не се случило во 99-годишната историја. Можно е фабриката во Торлсанда, во близина на Гетеборг, првпат да продолжи да работи уште една седмица за време на редовното летно запирање на производството, со цел да ја покрие побарувачката за новиот Е Икс 60.
БМВ исто така се соочува со недоволни капацитети за да излезе во пресрет на побарувачката за и-Икс-3.
Шефот на Волво, Хакан Самуелсон, ја предвиде трката меѓу трите модели, коишто ќе почнат со испорака во текот на летото. „Ценам дека тоа може да поттикне голем број купувачи, што можеби не размислуваат да купат електричен автомобил, сепак да погледнат подобро,“ изјави тогаш Самуелсон за гласникот на автомобилската бранша Аутомотив Њуз.
Неговите предвидувања се покажаа точни.
Сега, Волво и БМВ го приспособуваат производството за да ја покријат побарувачката.
Волво прво мора да преговара со работничките синдикати, околу скусување на летните одмори годинава, поради тоа што пристигнатите нарачки ширум Европа, веќе ги надминуваат предвидувањата по само еден месец откако Волво ги отвори книгите со нарачки на 21-ви јануари.
Само од Шведска имаат пристигнато преку 3.000 нарачки, соопшти компанијата.
Волво не објави податоци за останатите пазари, но навеедува дека најмногу нарачки се дојдени од Шведска, Германија, Белгија, Холандија, Норвешка и Финска.
На германскиот вебсајт на Волво, стои дека времето за чекање на основниот модел на Е Икс 60, што таму чини 62.990 евра, изнесува до 8 месеци. За изведбата со погон на сите тркала и со најголемата батерија, што чини 71.990 евра, треба да се чека меѓу 14 и 17 месеци.
Роковите се долги уште пред Волво да почне да собира нарачки од САД, каде што продажбата треба да започне кон завршетокот на летото.
Големата побарувачка за Е Икс 60 е „проблем што е добро да се има“, изјави во соооштението за медиуми директорот за продажба Ерик Северинсон.

БМВ најави воведување втора смена за производство на и-Икс-3 во својата фабрика во Дебрецин, Унгарија, Втората смена започна во февруари. Кога ќе биде псотигната целосната продукција, ќе се работи во три смени.
Откако имаше деби на салонот ИАА Мобилност во септември, и-Икс-3 има собрано околу една третина од сите нарачки за електрични автомобили од БМВ во Европа.
Повеќето од купувачите имаат нарачано уште на невидено, за автомобил што во Германија чини 71.990 евра. Времето на чекање таму e подолго од една година.
Новиот Мерцедес ГЛЦ доаѓа прво во електрична изведба, стартува од 70.000 евра во Германија
Пристигањето на трите целосно електрични модели се очекува да го растресе пазарот на СУВ од средна класа во Европа, со којшто во јануари владееше Ауди Ку 4 Е-Трон, истиот модел што ја заврши минатата година како шампион.
Ауди во јануари продаде 2.835 Ку 4 Е-Трони, што е пад од 7,5 проценти. Полстар 2 беше втор најпродаван електричен модел во сегментот, пред електричната изведба на Порше Макан.
















