Мерцедес на 10-ти март со премиера на електрично комбе ВЛЕ

Мерцедес-Бенц потврди дека премиерата на новиот ВЛЕ, којшто доаѓа на местото на В-Класата, ќе се одржи онлајн во следниот вторник.

Штутгарт го најавува електричниот ВЛЕ како почеток на нова ера за вановите на Мерцедес-Бенц. Тоа се однесува главно на новата модуларна платформа, којашто првенствено е наменета за елеткричен погон, но дозволува и вградување мотор со внатрешно согорување.

ВЛЕ доаѓа како прв модел што е конструиран врз платформата ВАН.ЕА и во почетокот ќе се произведува само во електрична изведба. Уште нема потврда дека ВЛЕ ќе се нуди и во изведба со хибриден погон, меѓутоа гласини укажуваат за таквата намера.

Освен тоа што ВЛЕ е развиен првенствено како електричен модел, следната промена што ја внесува новиот модел е во тоа што за разлика од досегашната В-Класа, којашто сепак е конструирана врз платформа на доставно возило, односно Вито, ВЛЕ оди повеќе во насока на лумузински комфор и престиж. Мерцедес-Бенц вели дека тоа е Гранд Лимузина и со неа отвора нов сегмент на пазарот.

Премиерата е закажана за следниот вторник, во 19 часот, со пренос во живо од Штутгарт, достапно преку следната врска https://www.mercedes-benz.com/de/fahrzeuge/vle-livestream/

Поединостите ќе бидат соопштени при премиерата, но тоа што го најавува Штутгарт е дека ВЛЕ го соединува најдоброто од два света: „Возен комфор и возна динамика на лимузина, со повеќестраност на повеченаменско возило“, стои во денешното соопштение од германскиот производител.

Кабината е конструирана за превоз на најмногу осум патници, се најавуваат и новини во поглед на опремувањето на кабината. „Тој е уметник во преправање во вистинската смисла“, најавуваат од Мерцедес-Бенц. ВЛЕ може да биде и семејно возило што се приспособува, може да биде и стилски превоз за во слободно време, но и ексклузивен шатл за скапи хотели и ресорти.

Мерцедес-Бенц ќе биде посебно активен годинава, во знак на 140 години, откако Карл Бенц пред 140 години ја патентираше Моторкутче, како прво моторно возило во светот.

Во моментов, три С-Класи се појдени на пат околу светот, во знак на јубилејот, на мисија да ги посетат сите места што се од посебно значење за автомобилизмот воопшто, и секако, за самата марка.

Претходна објаваСо 270 нарачки од прв ден: Донгфенг почна со продажба на електричниот Виго во Централна Америка
Следна објаваРено 5 Е-Тек избран за најдобар увозен автомобил од читателите на ауто мотор унд шпорт

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here