Костарика станува еден од најважните пазари во раст за електричните автомобили. Досега, од регионот на Јужна и Централна Америка, вниманието главно го привлекуваше Бразил, каде што се случи вистински бум во продажбата на возила со електричен погон, но сега се приклучува Костарика.
Според пазарните аналитичари, во оваа земја во Централна Америка, во моментов е регистрирано по 1 електрично возило на 77 жители. Тоа неспоредливо ги надминува Бразил или Мексико, каде што соодносот е 1 електрично возило на 1.000, односно 1.500 жители. Учеството на електричните автомобили во продажбата во средината на минатата година, изнесувало над 15 проценти, што е највисок удел во целиот регион.
Доказ за наглата побарувачка за електрични возила, пристига и од Донгфенг, име од кинеската автомобилска индустрија, што ни е мошне познато од македонската сцена.
На свеченоста по повод пуштањето во продажба на електричниот Виго во Сан Хозе, Костарика, дилерите на Донгфенг нарачале 270 возила од овој модел. На настанот присуствуваше и заменикот директор за увоз-извоз на корпорацијата Донгфенг, господин Чиу.
Како што соопштува производителот, интерес за моделот покажале перку 300 потенцијални купувачи, а настанот го следеле онлајн преку 4.000 гледачи.
На овој настанот од вид што некогаш беше својствен за македонскиот пазар, биле претставени дилерите на Донгфенг во Костарика, па следело подробно претставување на моделите, вообичаеното сечење лента и предавањето на клучевите на првите сопственици. Оваа 90-минутна свеченост доживеа врв со можноста присутните да ги разгледаат изложените возила на бината.
Како што понатаму соооштува Донгфенг, на самиот настан биле направени 270 нарачки за електричниот Виго. Костарика е воедно првиот пазар во Централна Америка, на којшто кинескиот производител го пушта во продажба својот Виго.
Извесно е дека Виго наскоро ќе предзивика еуфоричен пречек на останатите пазари во регионот.
Во меѓувреме е потврдено скорешното пуштање во продажба на електричниот Виго на македонскиот пазар, којшто ќе се придружи на Бокс.
















