Германија лани изгубила третина од извозот на автомобили во Кина

Извозот на автомобили од Германија во Кина во минатата година бил намален за една третина. Со тоа продолжува силниот пад, што го сведе извозот на половина од врвот што беше достигнат во 2022 година.

Возилата се товарат на прекуокеански бродови на пристаништето што е во непосредна близина на фабриката на Фолксваген во Емден

Вредноста на германскиот извоз на автомобили во Кина во минатата година паднала на помалку од 14 милијарди евра, додека пред само три години, тој извоз достигна близу 30 милијарди евра.

Тоа укажува на силината на ерозијата што ја доживеа гордоста на германската индустрија, на својот најважен извозен пазар, открива студијата објавена од Германскиот економски институт на 24-ти февруари.

Производителите на автомобили, како најголем индустриски сектор на Германија, се соочуваат со најтешките предизвици во последниве децении, поради притисокот од увозните царини во САД, забавената побарувачка во Европа и скапото преоѓање на електрични возила.

Како врв на тоа, притиска ценовната војна што се одвива на кинескиот автомобилски пазар, и којашто ја наметнаа домашните производители.

Институтот ги објави резултатите од студијата во време кога канцеларот Фридрик Мерц првпат допатува во службена посета на Кина.

Оваа посета се следи со големо внимание и од неа се очекува да испрати сигнал, дека Германија сака да ги обнови односите со својот најголем трговски партнер, во време кога светот се соочува со сé посилни пазарни и геополитички тензии.

Донгфенг Еолус Шајн ГС · Тест · Погодок од слободен удар

Претходна објаваЛавот на Пежо се најде на прочуениот кечап од Белгија
Следна објаваЗошто Мерцедес се откажа од намерата да ја укине А-Класата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here