
- Новите електрични модели и кинеските марки постигнаа трицифрен раст во јануари.
- Некои од водечките модели, како Фолксваген Голф и Тигуан, во јануари имаа двоцифрени падови во продажбата во Европа.
Рено Клио е на пат да биде прогласен за напродаван модел на европскиот пазар во јануари, почнувајќи ја годината со раст од 12 проценти, во услови кога неколку модели што котираат високо се соочија со силен пад во продажбата.
Бројот на ново регистрирани Клиа во јануари се искачи на 14.660 возила, во споредба со 13.069 возила лани, покажуваат податоците од Датафорс, по обработени податоци од 98 проценти од пазарите во ЕУ, ЕФТА и ОК.
Се води тесна битка меѓу Клио и Фолксваген Т-Рок, којшто заостанува со 14.606 возила и со пад од 5,8 проценти од лани. Третото место му припаѓа на Пежо 208 и покрај падот од 14 проценти, на 14.513 возила.
Остануваат уште податоците од продажбата од Португалија и Бугарија, коишто ќе ја решат трката меѓу трите модели што ги дели разлика од 147 возила.
Водечката петорка ја заокружуваат Фолксваген Голф и Фиат Панда. Германскиот компакт забележа 14.377 продажби, а Панда ја задржа динамиката, со пад од само 0,4 процент и регистрирани 14.222 возила.
Фолксваген има четири модели меѓу 25-те најпродавани. Покрај Т-Рок и Голф, на шестото место е Тигуан, со пад од 18,6 проценти и 14.020 возила, додека на 24-то место е Поло, со пазар намален за 3,7 проценти, со 8.580 возила.
Седмото место ѝ припаѓа на Тојота Јарис Крос, со 10,9 проценти во минус и 13.246 регистрации, Опел Корса и Шкода Октавија следат на осмото и деветото место. Десетката ја заокружува Тојота Јарис, со 0,9 проценти минус и 12.338 регистрирани возила.
Откако ја заврши 2025 како најпродаван модел на европскиот пазар, Дачиа Сандеро во првиот месец годинава се најде на 14-то место.
Голем пад во продажбата на Сандеро
Откако ја понесе круната како најпродаван модел во Европа во 2025 година, Дачиа Сандеро во јануари падна на 14-то место. Регистрациите се намалија 45 проценти, на 11.376 возила, што е еден од најголемите падови во Топ 20.
„Во завршетокот на минатата година имавме преоѓање во нова моделска година, исто како и на нови мотори, и имавме извесно забавување, коешто повеќе се должи на логистиката и на промени во производството, отколку на забавување во бројот на нарачки,“ изјави извршната директорка Катрин Ад на конференцијата на 19-ти февруари, на којашто беа соопштени финансиссите резултати на групацијата.
Голем пад има и кај Дачиа Дастер, со 41 проценти во минус и регистрирани 8.842 возила, доволно само за 21-то место.
Меѓу останатите модели со позабележлив двоцифрен пад се Фолксваген Т-Крос (-27 проценти), Хјундаи Тусон (-21 проценти) и Ситроен Ц3 (-20 проценти).
Новите модели и електричните автомобили фаќаат залет
Во јануари имаше силен раст кај неколку нови модели, како и кај модели со електричен погон.
Шкода Елрок се искачи на 26-то место со 8.426 возила, што е само 627 возила повеќе од јануари 2025 година. Тоа е воедно најпродаваниот електричен автомобил во Европа, пред Рено 5 Е-Тек, којшто имаше раст од 70 проценти, со 7.149 возила, на 37-то место.

Кинеските производители исто така забележаа трицифрен раст. Би Уај Ди Сил Ју ја зголеми продажбата на 7.390 возила, со 178 возила повеќе од лани.
Меѓу моделите што постигнаа најголем раст во јануари се трите новодојденци од Стелантис, коишто ја делат платформата Смарт Кар: Ситроен Ц3 Еркрос (7.554 возила), Фиат Гранде Панда (5.748 возила) и Опел Фронтера (5.660 возила).
Тесла Модел Уај заврши на 42-то место, со раст од 14 проценти и 6.601 возило, што е мал напредок во споредба со проблематичната година што производителот на електрични автомобили од САД ја имаше во 2025 година во Европа.















