
Т
Тесла во меѓувреме пријави уште 5 судири од декември и јануари, додека за судирот што се случил во јули 2025 година, отпосле е коригирана тежината на судирот и истата е регистрирана како „помал судир со хоспитализација“, а тоа значи дека најмалку за едно лице бил потребен болнички третман.
Компанијата на Илон Маск ги прикрива причините што довеле до судирите и наведува дека станува збор за „доверливи деловни информации“.
Кога ќе се погледне описот на судирите, се стекнува слика дека тоа се мали судири: Удар во неподвижен предмет при брзина од 17 милји на час (27 км/ч) при возење право, судир со автобус додека Тесла била запрена, судир со тежок камион при 4 милји на час и два судири при возење назад.
За случајот од јули 2025 година, тежината на судирот е сменета од првичниот опис како „помала материјална штета“ во „помал судир со хоспитализација“. Корекцијата била извршена неколку месеци подоцна, откако случајот прво бил регистриран како судир со теренско возило при скршнување в десно, при брзина од 2 милји на час.
Задолжително пријавување судир со автопилотирани возила
Пријавата на секој судир со автономно возило до Министерството е задолжителна. Снимката од возењето почнува најмалку 30 секунди пред судирот и понатаму ја покрива целата незгода. Тесла мора во рок од 5 календарски денови да ја пријави незгодата.
Како што објави Електрек, жителите на Остин ретко ги гледаат роботските такси возила на Тесла. Еден читател што живее во подрачјето каде што минуваат робо-таксијата, опишува дека гледа едно до две возила месечно, вклучувајќи и еден скорешен случај, кога со возилото управувал возач.















