Германија има 2 милиони електрични автомобили и 100.000 електрични камиони

Напредува електромобилноста во родната земја на бензинските, дизел и ванкел моторите, и воопшто на автомобилите. На располагање се и 191.000 јавни полначи, не вклучувајќи ги приватните и компаниските полначи.

Во време кога Трамп вели дека штетниот издув не е штетен, затоа што нафтата мора да продолжи да го врти светот, и кога земјите ги потрошија парите за електромобилноста на други полиња, вистински изненадува веста дека во Германија во моментов се регистрирани близу 2 милиони батериски електирчни автомобили и воедно е надминат прагот од 100.000 електрични камиони.

Германските експерти на Е.ОН, еден од најголемите дистрибутери и снабдувачи со електрична енергија во Германија, го пресметаа влијанието од возниот парк во земјата којшто вози на струја. Тие посочуваат дека денес е сосем вообичаено на паркиралиштата на големите трговски вериги да стојат на располагање неколку полначи за електрични авотмобили. Истото важи и за катните гаражи

Не е помало изненадувањето од фактот што во моментов во Германија се регистрирани 109.000 чисто електрични камиони и доставни возила. Филип Тон, извршен директор на Е.ОН Дојчланд, цени дека „товарните возила, поради тежината, километражата и високата потрошувачка на енергија што произлегува од тоа, претставуваат огромен потенцијал за заштита на климата и подобрување на квалитетот на воздухот, доколку посветено работиме на електромобилноста.“

Главнината од елеткричните товарни возила отпаѓа на доставни возила, коишто учествуваат со 78.000 возила, по нив следат 21.000 помали лкамиони со дозволена тежина од 3,5 до 12 тони, а останатите над 10.000 возила се тешки камиони, вклучувајќи влекачи.

Постоечкиот електричен возен парк од товарни возила, ја поштедува атмосферата од 1,2 милиони тони ЦО2 за една година, доколку струјата 100% потекнува од обновливи извори. Со денешното учество на обновлива енергија во Германија, заштедата е близу 1 милион тони ЦО2 годишно. Тоа се постигнува со учество на електричните товарни возила од само 2,6 проценти.

Електричните товарни возила во Германија се ослободени од патарина до 2031 година

Северна Рајна Вестфалија со преку 57.000 регистрирани електрични товарни возила, ги поштедува Германците од 640.000 тони ЦО2 годишно. Баварија се придружува со 12.000 товарни возила на струја. Понатаму, тешките камиони на струја се многу повеќе застапени во возниот парк во сојузната покраина Мекленбург Форпомерн.

Два милиони автомобили не испуштаат ниту грам штетни материи

Порасна и бројот на електрични автомобили. Најголема застапеност пак има во Северна Рајна Вестфалија (430.000 возила), втора е Баварија (370.000), трета Баден Виртемберг со 310.000 е-автомобили.

На регистерски таблички на Бремен првпат возат преку 10.000 е-автомобили.

На возачите им стојат на располагање 191.000 јавно достапни полначи, вклучувајќи и мрежа што се протега долж главните коридори. На тоа следат дополнително приватните полначи, коишто според Е.ОН ги користат 71 проценти од сопствениците на електрични автомобили. Постојат и бројни фирми и институции, што на своите вработени им нудат користење полначи.

Колку чини полнењето електричен автомобил, пример Донгфенг Бокс?

Германија веќе го пречекори и минималниот праг за електрификација што го постави ЕУ, во поглед на моќноста на полначите. Сите јавни полначи во земјата заедно располагаат со моќност од 7.950 мегавати. Минимумот на ЕУ е 1,3 киловат по електричен автомобил. Германија во моментов е на 4,1 киловати.

Претходна објаваКонцептниот автомобил на БАИК освои награда за дизајн Ред Дот
Следна објаваФорд десетпати ги повикуваше возачите на хибридната Куга во сервис

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here