Француската марка во првиот месец од 2026 година растеше десетпати повеќе отколку целиот автомобилски пазар во Шпанија. Лавовската марка продаде за 21 проценти повеќе возила во споредба со јануари 2025, на пазарот што порасна само 2 проценти.
Со регистрирани 6.132 нови патнички и доставни возила, Пежо се најде на второто место во продажбата на шпанскиот автомобилски пазар во јануари 2026 година. Уделот на Пежо достигна 7,1 проценти од целиот пазар во Шпанија. Тоа е највисок удел за француската марка по февруари 2024 година.
Во конкуренција на модели, Пежо сепак е на водечкото место со својата 208-ка. Покрај градскиот модел што вистински го достигна успехот на славната 206-ка, меѓу првите 10 најпродавани модели во Шпанија е уште еден модел што Пежо го произведува во Шпанија. Тоа секако е градскиот СУВ-модел 2008. Неговата фабрика е во Виго, додека 208 излегува од Сарагоса.
Пежо 208 беше најпродаван модел во јануари со 2.055 возила, а високо се позиционираше и Пежо 2008 со продадени 1.543 возила.
Лавот трипати се најде на шпанскиот подиум во јануари: Кај патничките, доставните и службените возила.
Кај патничките автомобили, Пежо регистрираше 44 проценти повеќе возила во споредба со јануари 2025, и со вкупно регистрирани 4.795 автомобили освои 6,4 проценти од пазарот.
Доставните возила на Пежо имаа 1.427 регистрации, што претставува 10,7 проценти од пазарот. Добри вести носи и пазарот на службени возила и на возни паркови, каде што Пежо е трета со регистрирани 2.930 возила и удел од 7,9 проценти.
















