Полиција мораше да интервенира на состанок во фабриката на Тесла во Германија

Тесла поднесе кривична пријава против член на германскиот работнички синдикат ИГ Метал, кој тајно го снимал состанокот на работничкиот совет што се одржал во фабриката во близина на Берлин.

Судирот меѓу управата и работичниот синдикат ИГ Метал ескалираше кусо пред изборите за работничкиот совет во фабриката на Тесла во Германија, во близина на Берлин.

Состанокот на работничниот совет на 10-ти февруари доживеа полициска интервенција. Тоа го потврдуваат и директорот на фабриката Андре Тирих и работничкот синдикат ИГ Метал. Но, двете страни се разидуваат околу причината за судирот.

Тирих во писмо до вработените и во објава на друштвената мрежа Икс, наведува дека претставник на синдикатот ИГ Метал недозволено го снимал состанокот на работничкиот совет со својот лаптоп. „Тој од непознати причини го снимал интерниот состанок и фатен е на дело!“, пишува директорот. Потоа била повикана полицијата и поднесена е кривична пријава.

Според ИГ Метал, тоа е „најдрска и калкулирана лага“

ИГ Метал го отфрлуваат обвинувањето и во своето соопштение ценат дека тоа е „дрска и калкулирана лага.“ Според нив, секретарот на работичкиот синдикат учествувал на состанокот на работничкиот совет како надворешен гостин, по покана на групацијата „ИГ Метал-Тесла Воркерс ГФББ“. Претставник од друга група реагирал дека член на ИГ Метал го снимал состанокот со својот лаптоп.

Тоа довело до прекинување на состанокот и до повикување на полицијата од страна на обезбедувањето. Лаптопот е запленет. ИГ Метал тврдат дека тоа е „наместена игра“. Јан Ото, шеф на ИГ Метал за Берлин, Бранденбург и Саксонија, вели дека е „апсурден самиот факт што полицијата беше повикана да спроведува истага тука. Веќе е отпочната „правна постапка против одговорните лица за оваа валкана кампања.“

Фиат Гранде Панда · Тест · Големите автомобили се малечки

Изборите за работничкиот совет се одржуваат во почетокот на март

ИГ Метал и раководството на фабриката се во постојан клинч уште од отворањето на гига-фабриката во близина на Берлин. Синдикатот бара во фабриката во Гринхајде да се применува колективен договор, меѓутоа управата се противи на тоа. Синдикатот има најголем удел во работничкиот совет, но не и мнозинство. Тоа ѝ припаѓа на група конкуренти на ИГ Метал, коишто се здружија.

Меѓу 2-ри и 4-ти март, околу 10.000 работници во Гринхајде ќе избираат нов работнички совет. ИГ Метал цели да освои мнозинство во работничкиот совет и води силна предизборна кампања. Од друга страна, управата на Тесла шири стравување, дека доколку ИГ Метал стекне мнозинство во новиот работнички совет, работните места повеќе нема да бидат осигурени.

Претходна објаваФиат Гранде Панда · Тест · Големите автомобили се малечки
Следна објаваПежо 208 најпродаван модел во Шпанија во јануари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here