
ЕВ2 е развиен за европскиот пазар и ќе се произведува во фабриката на Киа во Жилина, Словачка. Планот е продукцијата во 2027 година да достигне 100.000 примероци. За основната изведба се очекува цена под 30.000 евра.
Производството ќе се одвива во две фази. Моделските изведби со нормален досег ќе стартуваат со производство во февруари, за потоа во јуни да почне и производството на изведбатасо продолжен досег и на спортската изведба ГТ-Лајн. Датумот на почетокот на испораката ќе биде соопштен кусо пред Киа да ги отвори книгите со нарачки за својот нов електричен модел.
Моделот ја доживеа својата светска премиера на салонот на автомобили во Брисел, на 9-ти јануари.
Киа со својот ЕВ2 влегува во сегментот на малечките СУВ на европскиот пазар. Според последната статистика, до ноември лани во овој сегмент биле регистрирани 2,1 милион нови автомобили. Тоа одговара на удел од 17 проценти од целиот европски пазар. На батериските електрични модели им припаѓаат под 7 проценти од вкупната продажба на модели од Б-СУВ сегментот, односно тоа се точно 141.783 возила.
ЕВ2 е директен соперник на Рено 4 Е-Тек, чијашто цена во Германија изнесува 29.500 евра. Годинава доаѓаат и други нови модели, вклучувајќи ја четворката малечки електрични автомобили од концернот – Купра Равал, Фолксваген ИД Поло, Фолксваген ИД Крос и Шкода Епик.
Во фабриката во Жилина веќе е почнато производството на друг целосно електричен модел на Киа, тоа е новата генерација на ЕВ4, модел со големина слична со Сид. ЕВ2 ја дели напредната платформата наречена Е-ГМП со моделите ЕВ3, ЕВ4, ЕВ6 и ЕВ9.

ЕВ2 е долга 4,06 метри, широка 1,8 метар и висока 1,575 метар, со меѓуоскино растојание од 2,565 метри. Со тоа, Киа е осум сантиметри покуса од Рено 4 Е-Тек, односно е долга исто колку и идниот Фолксваген ИД Поло.
ЕВ2 поседува електромотор со максимална моќност од 108 киловати (147 КС), што е вграден напред. Може да се избира меѓу батерија од 42,2 кВч и од 61 кВч, со досег до 317, односно до 448 километри. При користење брз полнач се постигнува наполнетост од 80% за околу 30 минути.
ЕВ2 е прва Киа што уште од пазарниот старт се нуди со можност за избор на сопствен полнач од 11 кВ, односно 22 кВ. За разлика од поголемите и поскапи модели, ЕВ2 користи 400-волтна, место 800-волтна електрична мрежа.

Меѓу посебностите во кабината спаѓаат лизгачка задна клупа што се мести по агол и можност за избор на верзија со 4 или 5 седишта.
Дисплеите се истите како во ЕВ3 и ЕВ4, со инструменти од 12,3 инчи, екран за климата од 5 инчи и екран од 12,3 инчи за ракување со инфо-забавните функции. За екранот за климата се користи системот ццНЦ Лајт на Киа.















