Купра со новиот Равал внесува забава во возењето електричен автомобил

Купра Равал е следниот електричен модел што ја продолжува мисијата на шпанската марка, да внесе емоции и уживање во возењето, по достапна цена.

Автомобилската бранша е едногласна дека електричните автомобили мора да станат подостапни, за да се засили нивниот пробив на сцената. Цел свет со нетрпение ги очекува новите достапни модели, со коишто концернот Фолксваген в година ќе им се спротивстави на Рено, Стелантис и Киа.

Но, постои и друга пречка. Покрај тоа што се поскапи, електричните автомобили честопати им изгледаат премногу досадно на луѓето, премногу стерилно, обично.

Како немирна посестринска марка на Сеат, Купра сака со еден потег да ги реши двата проблеми и го нуди Равал. Тој исто така се базира врз унапредена и поевтинета варијанта на платформата МЕБ на концернот Фолксваген. Но, кога електричниот градски модел ќе се појави во следното лето, веројатно прв од новото семејство достапни ЕВ од концернот, тој ќе привекува внимание и со други нешта, освен со цената до околу 26.000 евра.

Покрај Купра Равал, концернот ќе ги понуди уште Фолксваген ИД. Поло и неговата СУВ-изведба ИД. Крос, како и Шкода Епик, уште еден малечок СУВ на струја.

Равал уште е маскиран и неодамна беше понуден на прво возење кај највлијателните медиуми на сцената. Но, тоа што маската не сокрива, секако е возбудливата силуета на каросеријата долга 4,05 метри и впечатливата форма на светлата. Мора да биде така, затоа и Равал е наречен по еден од најраздвижените и најдиви квартови во Барселона.

Меѓу промените во техниката на платформата МЕБ спаѓа можноста за избор на повеќе степени на рекуперација и можност возилото во обичен сообраќај самостојно да запре без притискање на сопирачките, со т.н. едно-педално возење. Во споредба со стандардно Поло, Равал е спуштена пет сантиметри и ширината на трагата е зголемена за пет сантиметри. Тоа ќе го смени чувството во возење.

Најсилната и најспортска изведба Велоз Екстрим сигурно ќе додаде уште 50% од цената на основниот модел, но затоа ќе вози со 226 КС и со вртежен момент од 290 њутнметри. Нејзиниот досег е околу 400 километри.

Со батерија од 53 кВч, што испорачува енергија за досег од 450 километри, Купра Равал тежи околу 1,5 тон. Тоа сепак важи за основниот модел со 211 КС. Посилните изведби ќе располагаат со поголема, а со тоа и потешка батерија.

Производството е во Марторел, во близина на Барцелона, каде што ќе се произведува и ИД. Поло.

Претходна објаваШкода достаса до 100.000 примероци од електричниот Елрок
Следна објаваСитроен двојно ја зголеми продажбата во Полска, преку 9.000 возила до ноември

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here