
Фиат 500 од генерацијата со ознака 312, којашто во 2007 година го одбележа големото враќање на легендарниот Чинквеченто, и се продаваше во Европа до скоро, не може да остане незабележан кога ќе се појави на нашите улици. Прво, Италијанчето двои со стилот, а второ, тоа постигна одлични бројки во продажбата. Ретро-стилот не чинеше многу, 500-та се нудеше и како едноставен и достапен модел, и како престижно градско мини со цена на лимузина од компакт класа, што придонесе за големиот успех на моделот.
Во 2020 година, Торино реши да воведе нова генерација, и во духот на тие години, избра да ја произведува само во електрична изведба, со фабричка ознака 332. Во најдобрите години, таа достигнуваше близу 100.000 продадени примероци. Разни фактори влијаеја врз забавувањето на електрификацијата на европскиот пазар. Под влијание на сменетиот дух на времето, Фиат реши моделот да го понуди во изведба со благ хибриден погон, со 70 КС и цена што веројатно ќе биде под 20.000 евра.
Тоа што најмногу ја засега сцената, секако е прашањето, како досега се покажа електричната 500-ка во експлоатација? Нејзините предности или недостатоци би требало да се пренесат и кај новата изведба со хибриден погон. Најверодостојниот одговор секако доаѓа од извештајот на германски ТУВ, за откриените недостатоци на електричниот Фиат 500 при редовен технички преглед.
Што вели ТУВ за издржливоста и квалитетот на електричниот Фиат 500?
Главната вест: Фиат 500е, односно Фиат 500 Електро, докажува дека Италијанците денес можат да произведат квалитетен автомобил. Резултатите се однесуваат за возила стари меѓу 2 и 3 години, меѓутоа со просекот од 92,6% од автомобилите што поминале технички преглед без какви било забелешки од контролорите, Фиат 500е е над просекот од сите возила во таа старосна класа (89,4%), а подобри од просекот се и возилата со мали недостатоци (3,2% наспроти просекот од 4,0%) и возилата со поголеми недостатоци (4,2% кај Фиат, наспроти 6,5% просек).

Со овие резултати, Фиат 500е е меѓу најсолидните модели во старосната група меѓу 2 и 3 години, заедно со Мазда 2, Тојота Јарис Крос, Мини Купер СЕ или Сузуки Свифт.
Како поминува Фиат 500 Електро во одделните технички групи?
Фаит 500е, односно 500 Електро, изработен е врз сосем различна платформа од претходникот од 2007 година и се произведува во фабриката Мирафиори, во Торино. Стилот е вистински погодок и го доловува изгледот на првиот Чинквеченто од 1960-те години. Возењето е покомфорно, има и повеќе простор. Посебност е изведбата со две врати десно, за полесен пристап назад.
Внатрешноста е изработена поквалитетно и има современ систем за инфо-забава. Со понапредните системи за асистенција, Фиат 500е може да следи лентата и да забавува самостојно при побавно возило напред. Постои и спортска изведба Абарт 500е.
ПОДВОЗЈЕ
Солидно. Водењето на тркалата (суспензијата) е издржливо, пружините, амортизерите и споните се во рамките на просекот. Погонските оски и управувањето се беспрекорни. Корозија не постои.
СОПИРАЧКИ
Сопирачките за среќа не ја сопираат забавата. Работната сопирачка е само малку под просекот во старосната класа. Но, паркирната сопирачка, цревата и сопирачките дискови се беспрекорни. Некои електрични автомобили се многу почувствителни од Фиат 500е.
Бидејќи се работи за електричен автомобил, секако дека не постојат проблеми со протекување масло од моторот, потрошувачка на масло, напојување со гориво или систем за пречистување на издувните гасови.
Новиот Фиат 500 Хибрид доаѓа во Македонија следното лето, засега е главна Гранде Панда















