ЦЕС Лас Вегас 2026: Мерцедес доаѓа со нова технологија, БМВ продолжува со Ное Класе

Најголемите европски производители имаат разновидни планови за саемот за потрошувачка електроника и технологија во Лас Вегас, иако се очекуваат одвај неколку премиери на нови модели.

Мерцедес во Лас Вегас во 2024 година го прикажа концептот Вижн ЦЛА од којшто произлезе новата ЦЛА-Класа

БМВ повторно ќе го искористи настанот во Лас Вегас за да ги покаже напредните технологии што ги поседува новата генерација модели Ное Класе.

На првиот голем настан в година што ги засега производителите на автомобили, БМВ ќе стави главен нагласок на најважните иновации кај првиот модел од Ное Класе, на целосно електричниот СУВ-модел од средна класа и-Икс-3.

„ЦЕС и натаму е главен настан за БМВ и беше од клучно значење на нашето патување до презентцијата на технологиите на Ное Класе“, соопштија од БМВ.

ЦЕС служи како лансирна рамка за БМВ уште од 2023 година, кога германскиот производител го прикажа концептниот автомобил БМВ и Вижн Ди.

Концептното возило покажа како БМВ ја замислува тогаш идната Ное Класе како придружничка на возачот, преку користење на вештачка интелигенција за говорна комуникација. Токму овие можности што се реализиаа преку соработката со Амазон, ќе бидат претставени во Лас Вегас.

Баварците во 2025 година го користеа ЦЕС за да го прикажат Панорамскиот ај Драјв што е составен дел од моделите од Ное Класе, прикажувајќи ја технологијата преку огромен екран.

Мерцедес сепак реши да не настапува со сопствен штанд на салонот, меѓутоа ќе биде присутен преку партнерите.

„Секако со нетрпение очекуваме на ЦЕС 2026 да ги соопштиме возбудливите вести со нашите партнери“, порачаа од Мерцедес-Бенц, додавајќи дека нема да објавуваат подробности сé до саемот.

Волво Карс ќе го прескокне саемот, затоа што Швеѓаните ги насочуваат силите кон претстојното деби на Волво Е Икс 60, што е најавено за 21-ви јануари. Е Икс 60 е соперник на БМВ и Икс 3 и тоа е прв модел врз новата платформа СПА3 на Волво.

Волво в година ја проширува својата понуда од електрични кросовери, со новиот Е Икс 60, којшто им се придружува на Е Икс 90 и Е Икс 30. Тоа е прв модел со новата платформа СПА3.

Холдингот Џили ќе има свој штанд на ЦЕС. Компанијата планира да сооошти вести поврзани со вештачката интелигенција и ќе има масовна примена на гласовни команди во своите возила. На штандот на кинескиот производител ќе бидат изложени луксузниот електричен ван Зикр 0009, СУВ-знаменосецот Зикр 9 Икс со приклучен хибрид, што е замислен како конкурент на Рејнџ Ровер, како и Галакси М9 со приклучен хибрид.

Заедничкиот електричен автомобил на Хонда и Сони

Лимузината Афила 1 е прв електричен автомобил од соработката меѓу Сони и Хонда

Меѓу малкуте премиери на автомобили на ЦЕС ќе биде новото концептно возило на Сони Хонда Мобилити, заеднички проект меѓу Сони и Хонда. Компанијата не соопшти поединости околу возилото. Во следните две години ќе бидат пуштени во продажба Афила 2 и Афила 3.

СХМ ќе прикаже и претсериски примероци од својот прв модел Афила 1, што компанијата планира да почне да го испорачува во Калифорнија во 2026 година.

Тоа ќе биде четврти ЦЕС по ред, на којшто СХМ прикажува прототип од Афила 1.

На саемот што е посветен на новите техноилогии, секако ќе присуствуваат и добавувачите на автомобилската индустрија, како Аумовио (Континентал), Бош, Шефлер и ЗФ Фридрихсхафен, со премиери од областа на автоматизираното возење, безбедноста и инфо-забавните системи.

Добарувачите го користат саемот за да склучат нови договори за снабдување на производителите на автомобили и да најдат нови технолошки партнери.

Саемот ЦЕС во лас Вегас се одржува од 6-ти до 9-ти јануари, двата претходни денови се резервирани за новинарите.

Претходна објаваАуди 50 години вградува 5-цилиндарци во своите модели
Следна објаваФиат 500 Хибрид е важен новитет во 2026, како се држи електричниот модел по 3 години?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here