
Француската марка направи истражување меѓу 2.000 возачки и возачи во Британија, што покажа дека луѓето би прифатиле да патуваат до работа во просек до 35 милји, односно околу 55 километри. Секој трет возач не би патувал до работа ако треба да вози преку 20 милји. Слично е кај родители, што не би патувале преку 28 милји до училиште.
Наспроти тоа, кога се работи за патување заради уживање, Британците би возеле многу подалеку. За ноќ помината со децата оставени на чување дома, тие во просек би патувале 73 милји, односно околу 120 километри. За концерт, спортски натпревар или друга разонода, тоа расте на 130 километри во просек, а за викенд и активен одмор, тие би прифатиле да патуваат најдалеку, малку под 220 километри во просек.
Кога треба да се посетат саканите, излегува дека Британците во просек би извозеле 200 километри да ги посетат своите партнери и 210 километри за в гости кај своите родители.
Истражувањето понатаму покажува дека 44% од луѓето го користат возилото секој ден, а 41% најчесто возат до работа, со просечна дневна километража од 28 километри. Второ најчесто одредиште е супермаркет (25%), со просечно возење од осум километри.
Британците ценат дека сé што е подолго од 240 километри во просек, претставува долго патување, иако за над една четвртина (28%), дури и патување од 80 до 160 километри е долго.
Главнината, а тоа се 42 проценти, сепак кажуваат дека патуваат подалеку од 160 километри одвај неколкупати во годината, а само 4% минуваат толкаво растојание повеќепати во една седмица.
Просечното неделно возење изнесува само 167 километри во просек. Тоа воедно му оди во прилог на Пежо, за да укаже дека досегот на елеткричните автомобили што ги нуди францускиот производител, повеќе е од доволен за секојдневието.
Главен застапник им е Пежо Е-3008, којшто според фабрика минува до 700 киломтри со полна батерија, во врвната изведба на моделот.
Во 2021 година со електрично Пежо 208 извозевме репортажа во Мариово, до славната Градешница, селото на Итар Пејо















