Тојота од фабриките во САД ќе извезува автомобили во Јапонија

Купувачите во Јапонија од 2026 година ќе можат од салонот на домашната марка да изберат модели што се произведени во САД.

Лимузината Камри, СУВ-то Хајлендер и пикапот Тундра, што Тојота ги произведува во САД и главно се конструирани според барањата на тамошниот пазар, од следната година ќе се извезуваат во Јапонија.

Тоа е дел од политиката на јапонскиот производител, што е насочена да им угоди на барањата на претседателот Доналд Трамп, во неговата намера да го подобри трговскиот баланс на Соединетите Држави.

Корпорацијата Тојота цени дека со овој чекор ќе им го прошири изборот од модели на своите домашни купувачи. Како дел од подготовките за почетокот на продажбата на овие модели во јапонија, Тојота ќе користи нов систем што се разгледува во Министерството за земја, инфраструктура, транспорт и туризам, во рамките на билатералните разговори со Вашингтон.

Камри низ бројни генерации е еден од најпродаваните лимузински модели воопшто на пазарот во САД. Хајлендер излегува во пресрет на купувачите што бараат СУВ со седум седишта, покрај традиционалните вредности на Тојота, во поглед на преактичноста и штедливоста. Двата модели во минатото се продаваа во Јапонија, Камри до 2023 година и Хајлендер до 2007 година.

Тоа што е сосем различно од јапонските модели и точно го застапува духот на пазарот во САД е пикапот Тундра, чијшто вредности се квалитетна изработка, трајност и издржливост. Тојота верува дека јапонските купувачи ќе го ценат „едиствениот настап на Тундра што го издвојува од останататите модели“, се наведува во соопштението од производителот.

Хајлендер во минатото се продаваше во Јапонија како Клугер. Камри во САД се произведува во фабриката во Кентаки, Хајлендер во Индијана, Тундра во Тексас.

Претходна објаваМерцедес ЦЛА во новата генерација наскоро во Мак Аутостар, доаѓа со нов хибриден погон
Следна објаваИстражување на Пежо: Британците би патувале 35 милји до работа, но 135 за семеен викенд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here