Дачиа Сандеро ја престигна Тесла и петти месец годинава е најпродаван автомобил во Европа

Дачиа Сандеро е најпродаван модел на европскиот пазар во октомври и се враќа на 1-то место, откако последен пат се најде на врвот во јули, иако продажбата е намалена за 7,6 проценти, со 20.480 возила, во споредба со истиот месец лани.

Дачиа Сандеро беше најпродаван модел во Европа во октомври. Градскиот модел петпати годинава го завршува месецот на 1-то место според продажбата.

За Дачиа, ова е петти пат Сандеро да го заврши месецот како најпродаван модел на европскиот пазар. Таа претходно беше на врвот во јануари, февруари, март и јули.

Сандеро, којашто лани беше најпродаван модел воопшто во Европа, се пробива во време кога европските купувачи се соочуваат со висока инфлација и растечки цени. Цените на новите автомобили во ЕУ се за околу една четвртина до една третина повисоки во споредба со 2015, покажуваат податоците од Европската Централна банка. Податоците оттаму покажуваат дека цените и натаму растат меѓу 1 и 1,5 процент секоја година.

Со цена на основниот модел од 17.200 евра, Дачиа Сандеро е меѓу моделите со најдобра противвредност на македонскиот пазар.

Откако во септември го понесе насловот на најпродаван автомобил во Европа, Тесла Модел Ипсилон во минатиот месец испадна од Топ 50 и заврши дури на 65-то место, откако продажбата ѝ опадна за 33 проценти, на 5.916 возила.

Силниот и последувателен пад укажува дека електричниот СУВ од средната класа одвај има изгледи да ја врати некогашната продажба. Откако во јуни беше втор најпродаван модел во Европа, во следниот месец Модел Ипсилон падна на 60-то место. Со години, продажбата на Тесла беше најсилна во последните месеци во секое тримесечје.

На второто место во октомври е Фолксваген Т-Рок. Продажбата на СУВ моделот порасна 26 проценти во минатиот месец и достигна 18.241 возило. Тоа е голем скок во споредба со деветтото место во ланскиот октомври.

Рено Клио е трет во октомври со продадени 16.896 возила и раст од 0,7 процент. Клио се наоѓа во генерациска смена. Шестата генерација на докажаниот градски модел го доживеа своето деби во септември, на салонот ИАА во Минхен. Испораките во Европа ќе започнат в година.

Следните две места во октомври им припаѓаат на Фолксваген Голф и Тојота Јарис Крос, коишто пак ги претркаа соперниците, и покрај тоа што продажбите им се опаднати за 2,7 проценти, односно 2,9 проценти.

Рено 5 на тестот во Аутомедиа

Електричниот Рено 5 беше 25-ти најпродаван модел во октомври.

Кои други автомобили се најдоа меѓу големите добитници во октомври?

Продажбата на Пежо 2008 порасна 25 проценти на 15.012 возила, што на градскиот СУВ му го донесе 10-то место, откако во истиот месец лани беше на 13-то место.

Порасна и продажбата на Ауди А3, за 29 проценти и 10.916 возила, што го качи германскиот модел на 19-то место, наспроти 35-то место во ланскиот октомври.

Целосно електричниот Рено 5 го заврши месецот како 25-ти најпродаван модел во Европа, со 9.606 возила, додека лани во истиот месец постигна 1.409 продажби, но тоа беше самиот старт на моделот.

Меѓу останатите добитници во Топ 50 се Фолксваген ИД.7 (+32%) и Тојота Ајго Крос (+15%).

Пежо изненади со падот од 25 проценти и 15.256 продадени возила, а истиот тренд го фатија и Фолксваген Тигуан со -21% и 15.632 продажби и Ситроен Ц3, со -39% и продадени 12.771 возило.

Кои се најпродаваните модели во Европа по 10 месеци?

Сандеро го зголеми водството во 10-те месеци. Дачиа продаде 207.043 Сандера до октомври, што сепак е пад од 8,3 проценти во споредба со лани.

Клио останува на 2-то место, со продадени 187.371 возила.

Водечката тројка ја заокружува Т-Рок, којшто ја задржа предноста пред Тигуан, благодарение на растот од 4,5 проценти, со продадени 179.071 возила по 10 месеци.

Претходна објаваДо октомври продадени близу 6.000 нови возила во Македонија
Следна објаваЕвропскиот автомобилски пазар порасна 5% во октомври

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here