Европскиот автомобилски пазар порасна 5% во октомври

Продажбата на нови автомобили во Европа порасна 4,9% во октомври во споредба со истиот месец лани, што ги подгрева надежите дека континентот ќе ја заврши годинава во позитива.

Ситроен Ц3 Еркрос е 7-ми најпродаван СУВ во сегментот, но е сосем извесно дека тоа нема да биде и највисокиот пласман

Продажбата на нови автомобили во Европа порасна 4,9% во октомври во споредба со истиот месец лани, што ги подгрева надежите дека континентот ќе ја заврши годинава во позитива, откако пазарот во првото полугодие се соочуваше со неизвесност околу царините и беа испратени предупредувања до инвеститорите, дека производителите може ќе ја завршат годинава со помал профит од предвидениот.

Во земјите во ЕУ, ОК и ЕФТА, во октомври биле продадени 1.097.663 нови патнички автомобили. Продадени се 50.982 автомобили повеќе во споредба со ланскиот октомври.

„Се чини дека сведочиме на благо заздравување на пазарот, со неколку задоцнети ефекти по слабото прво полугодие,“ оценува Бенјамин Кибис, виш аналитичар за автомобилскиот пазар во Датафорс.

Кибис зборува за враќањето на стабилноста и за растот на најголемите пазари во Европа, вклучувајќи ги Франција, Германија и Италија. Продажбата на германскиот пазар забележа раст од 7,8 проценти, Франција качи 2,9 проценти, додека Италија се соочи со пад од само 0,5 процент.

Тој исто така укажа дека „тактичките регистрирања“, а тоа се продажбите што не се кон краен купувач, донеле раст од 10 проценти, посебно во бројот на регистрирани возила од страна на самите дилери и производители, исто како и возилата за рентакар.

Само во овие два канали се регистрирани 19.000 повеќе батериски електрични и приклучни хибридни автомобили во споредба со ланскиот октомври, што е 40 проценти од сета зголемена продажба.

За цела година, пазарот напредувал за 1,8 процент, наспроти 1 процент во минус во јуни, што означува пресвртница од 2,8 проценти бодови.

Секаков раст е добредојден од европските производители на автомобили, од коишто повеќето издадоа предупредување до инвеститорите, вклучувајќи ги Рено и Порше. Причина за очекуваниот намален профит годинава беше неизвесноста околу царините во САД и проблематичното напредување на електромобилноста. Октомври беше четврти месец во низа со раст во продажбата.

До октомври продадени близу 6.000 нови возила во Македонија

Аналитичарите се оптимисти за 2026 година, и гледаат напредок во враќањето на субвенциите во Германија, Франција и Италија, исто како и од скусувањата на трошоците и намалените стравувања околу царините.

Најголемиот скок го постигнаа кинеските марки; Од европските марки, најмногу напредуваа Ситроен, Купра, Мини

Кинеските марки имаа најголем скок во проценти во октомври, иако повеќето од нив, за споредба имаа слаби продажби лани. Чери (1.884 возила), Липмотор (3.959) и Џејку (5.960) сите ја качија месечната продажба на четирицифрена вредност.

Втората најпродавана кинеска марка во Европа, Би Уај Ди, постигна раст од 208 проценти и продадени 17.514 возила во октомври, што е 11.830 повеќе од истиот месец лани. Во споредба со тоа, најпродаваната кинеска марка, МГ на САИЦ, имаше помал раст со 35 проценти и 23.896 возила, но и тоа се преку 6.200 повеќе продадени возила во споредба со лани.

Освен Кинезите, секак дека напредуваа и домашните марки. Ситроен ја зголеми продажбата за 32 проценти, откако беше надминато тесното грло во снабдувањето на монтажните ленти за Ц3 и Ц3 Еркрос. Купра, премиум спортската марка на Фолксваген, исто така напредуваше 26 проценти, а само еден процент помалку е растот на Мини.

Меѓу марките што забавија во октомври се Тесла (-45%), Порше (-26%), Џип (-18%) и Тојота (-12%)

Тојота го загуби второто место во продажбата, од Шкода, чијашто продажба беше зголемена за 10 проценти. За цела година, Тојота и натаму е втора, пред чешката марка на концернот Фау Ве.

Меѓу групациите со повеќе марки, Рено напредуваше 11 проценти, концернот Фолксваген за 6,8 проценти, БМВ за 6,4 проценти. Стелантис покажува знаци дека продажбата се стабилизира, со раст од 4,5 проценти, што е воедно и просекот на целиот европски пазар.

Претходна објаваДачиа Сандеро ја престигна Тесла и петти месец годинава е најпродаван автомобил во Европа
Следна објаваЕвропа допрво го открива Донгфенг, најпродаваниот модел Т5 Ево одамна е познат на македонската сцена

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here