
Новото Твинго во стилот на првата генерација на моделот ја доживеа својата премиера на 6-ти ноември во Париз, во новиот репрезентативен салон на Рено на Шанзелизе. Малечкиот електричен автомобил ќе постигнува досег до 263 километри со батерија од 27,5 киловатчасови, со поевтината хемија литиум-железо-фосфат (ЛФП).
Полнач од 6,6 киловати е вграден стандардно во возилото, времетраењето на полнењето изнесува 4 часа и 15 минути, од 10 до 100 проценти.
Тој е само еден од двата БЕВ од европско производство што се достапни по таа цена, придружувајќи ѝ се на основната изведба на малечкиот кросовер Ситроен е-Ц3, чијашто продажба веќе е започната.
Твинго ќе се произведува во фабриката на Рено во Ново Место, Словенија, каде што се произведуваше и претходниот Твинго, во изведби со мотор со внатрешно согорување и во електрична изведба, заедно со сестринскиот модел од Мерцедес-Бенц, Смарт ФорФор. Новото Твинго ќе се произведува исклучиво во изведба со електричен погон.
Новото Твинго, исто како електричните Рено 4 и Рено 5, користи детали во дизајнот коишто се повикуваат на првата генерација на моделот, којшто беше пуштен во продажба во 1992 година. Сцената го помни првото Твинго како достапен, но вешто проектиран градски автомобил, со широка кабина, просторна внатрешност и лесна управливост.
„Веселиот лик и палавата појава“ на првиот Твинго се пренесуваат во новиот модел, со предни и задни светла што се заоблени озгора, со впечатливи отвори на хаубата и со нагласен црвен прекинувач за четири трепкачи во кабината. Црната површина околу задното стакло потсеќа на Хонда 600 од раните 1970-ти години.

Твинго користи приспособена изведба од платформата АмпР Смол на групацијата Рено, што исто така е основа на комбилимузината од градската класа Рено 5 и на малечкиот СУВ Рено 4. Четвриот модел засега врз таа платформа е Нисан Микра.
Во Твинго се вградува торзиска задна оска од малечкиот СУВ Каптур, место сложената мултилинк оска како кај Р4 и Р5.
Дачиа исто така развива ЕВ врз оваа платформа, за моделот на местото на сегашната Спринг, а истата ќе се користи и за верзијата на Нисан. Двата автомобили исто така ќе се произведуваат во Словенија.
Видеото од тестот на Рено 5 во Аутомедиа
Тоа е прв модел на Рено што е развиен во рамките на планот Лип 100, чијашто замисла е да се постигне брзината на развој на нови модели на кинеските производители, односно за 100 недели да се почне од избраниот дизајн, до почеток на сериско производство. Тоа е двапати побрзо во споредба со постоечките ЕВ. Твинго првпат беше најавен во есента 2023.
За да остане во најавената ценовна рамка, Рено мораше „радикално да ги смени конструирањето и производството.“ Развојот на Твинго беше доверен на огранокот за ЕВ со име Ампер, и се одвиваше во Франција, Кина и Словенија.
Меѓу мерките што придонесоа за достапната цена на Твинго се батеријата ЛФП со архитектура „сел ту пак“. Тоа е прв сериски модел на Рено со ваков пристап, со којшто се постигнува за 20% пониска цена во споредба со батерија со никел-манган-фосфат. Заради заштеда на тежина и цена, батеријата има воздушно ладење, место водено ладење.
Достапни се само четири бои за каросеријата и две нивоа на опременост.

Тимовите во Европа и Кина соработуваа со цел да го забрзаат развојот и да ги скусат трошоците
Развојот се одвиваше во Европа и во Кина, каде што Рено ги испрати инженерите во својот центар за развој АЦДЦ во Шангај. Меѓу кинеските добавувачи се Лаунч Дизајн, коишто помогнаа дизајнот да се пренесе во реална каросерија, и КАТЛ, од каде што доаѓаат батериите.
Со овој заеднички пристап се скуси времето на проектирање за 16 проценти, времето на развој за 41 проценти, и пуштањето во производство за 26 проценти, посочуваат од Рено.
Покрај тоа што развојот се одвиваше забрзано, Рено наведува дека и инвестицијата била сведена на половина во споредба со обичниот пристап.
Иако Твинго е меѓу најдостапните БЕВ во Европа, Рено го снабди со бројни комфорни и корисни фунции. Средишниот дисплеј од 10 инчи е стандард, исто како и дигиталните инструменти од 7 инчи. Аватарот на Рено, секако со име Рено, помага при движењето низ менито.
Мултимедискиот систем ОпенР Линк на база на Гугл нуди Гугл Мапи, говорна асистенција и апликации. Твинго доаѓа со бесплатен трансфер на два гигабајти податоци месечно во период од три години.
Патниците назад имаат клупа што лизга надолжно 170 милиметри и што се мести по агол. Совозачкото седиште се преклопува и овозможува превоз на предмети долги по два метри.
Функциите В2Л и В2Г дозволуваат корисниците да приклучат електрични уреди и да го испорачаат енергија од батеријата во дистрибутивната мрежа, доколку тоа е можно на одредени пазари.
Возење со една педала, со регенеративно сопирање со четири степени, може да го запре Твинго без потреба да се притиска врз сопирачките, при нормални услови на возење.

Законите и електрификацијата ќе го сменат сегментот на малечките автомобили во Европа
Твинго ќе влезе во сегментот на мини-возила додека истиот е во транзиција. Новите европски норми за безбедност, емисија и заштита на податоци доведоа до поскапување, поради што бројни модели во изминатите години си заминаа. Меѓу нив се Пежо 108, Ситроен Ц1, Фолксваген Ап, Смарт ФорТу и Смарт ФорФор. Фиат престана да го произведува Фиат 500 во јули лани, но новата генерација што досега беше достапна само како ЕВ, наскоро ќе почне да се продава како благ хибрид.
Во исто време, електрификацијата им даде нов живот на некои модели, со коишто производителите имаат цел да го смалат својот ЦО2-отпечаток. Смарт најави дека наскоро ќе пушти нова генерација на својот мини-автомобил.
Кинеските марки зафаќаат сé поубедлив дел од европскиот пазар. Електричниот Липмотор Т03 беше 7-ми најпродаван модел во септември со 2.100 продажби, додека едно место пред него е електричната Дачиа Спринг, произведувана во Кина.
Тојота Ајго Крос, што наскоро ќе почне да се продава со полн хибрид, беше лидер во октомври со 11.500 продажби. По него следат Фиат Панда и Киа Пиканто.
Главните податоци за Рено Твинго
- Должина: 3789 мм
- Ширина: 1720 мм
- Висина: 1491 мм
- Меѓуоскино растојание: 2493 мм
- Тежина: 1.200 кг
- Брзина: 130 км/ч
- Полнење: стандард 6,6 кВ, опција 11 кВ АЦ/50 кВ ДЦ
- Времетраење на полнење: 10-100% за 4 часа и 15 минути (6,6 кВ), 2 часа и 35 минути (11 кВ), 30 минути 10-80% за 50 кВ















